И понатаму растат цените на нафтата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 10 Февруари, 2021
Растат цените на нафтата.
Цените денеска на меѓународните пазари беа 62 долари, поради намалената понуда од водечките производители и надежта дека вакцинацијата и стимулот за економијата ќе ја оживеат побарувачката. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 44 центи од претходното затворање, на 61,53 долари. На американскиот пазар се искачи за 37 центи на 58,73 долари. Саудиска Арабија, најголемиот извозник, одлучи еднострано да ги намали испораките во февруари и март, за дополнителни милиони барели на ден. ОПЕК + ги намалува залихите за да се прилагоди на послабата побарувачка во пандемијата на коронавирус, а првичната цел беше да ги намали залихите на петгодишен просек. Цените се вратија на ниво како пред пандемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.