И СЕ ЗАКАНУВА ЗАТВОРСКА КАЗНА: Aмериканка заразила 76 луѓе со корона
Објавено во: Свет, Корона Вирус 17 Септември, 2020
Жена заразила 76 луѓе со коронавирус, поради што е можно да добие затворска казна.
Јасмин Адил(26), вработена во американската војска, која во Германија заразила 76 лица, може да помине 10 години во затвор. Таа заразата ја пренела одејќи по барови.
Адил, инаку од Флорида, ги чекала резултатите од тестовите по неодамнешниот одмор во Грција. Но, таа не ја испочитувала самоизолацијата, туку одела по забави во Гармишпартенкирхен.
Таа имала симптоми и чувствувала болки во грлото.
Адил на 3-ти септември го посетила и "Пичес бар", а ден подоцна посетила и ирски паб во Гармиш.
Кога го посетила „Пичес бар", Адил имала близок контакт со многу луѓе, ги прегрнувала и бакнувала, а на враќањето дома не се чувствувала добро.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.