16 Декември, 2025
0.0429

И Словенците го сакаат сефот на Тито!

Објавено во: Балкан 18 Декември, 2013 09:05

Добивај вести на Viber

Амбасдата на Република Словенија побарала од основниот суд во Белград да им достави список на предмети кои се пронајдени во депото 555, познато како сефот на Тито. Пред овој суд се води оставинска постапка помеѓу наследниците по смртта на поранешниот Југословенски претседател Јосип Броз. " Судот ни достави барање кое во име на амбасдата на Словенија го упатил амбасадорот, дека оваа држава наследничка на СФРЈ е заинтересирана за извештај за пронајдените работи во сефот", вели за Novosti адвокатаката на Златица и Миша Броз, Виолета Коќиќ – Митачек. Амбасадата од генералниот секретаријата на претседателот на Србија, каде првин било поднесено барањето ја упатиле до судот. Тоа е првата држава која е создадена од поранешна Југославија која и официјлано побарала на некој начин да биде вклучена во оставинската постапка по смртта на Броз, веројатно сметајки дека пронајденото богатство треба да биде предмет на сукцесија помеѓу поранешните републики. Адвокатите на наследниците на Броз за ова барање треба да се изјаснат во рок од 15 дена, а според тврдењата на Виолета Коќиќ Митачек и Горан Петронијевиќ, адвокат на внукот на Тито, Јошка Броз, тие ќе се спротистават. " Работите пронајдени во сефот не се предмет на сукцесија и не постои правен основ Словенија да се вклучи во постапката ", вели Петронијевиќ. " Освен Словенија, во постапката барање за вклучување поднесе и Републичкото Јавно Правобранителство, како претставник на државата Србија. И нивното барање е неосновано и неуредно, па затоа сите барања освен оние на семејството Караџорџевиќ треба да се отфрлат како неуредни и неосновани". Како што објаснува Петронијевиќ, уредно барање до судот подразбира заинтересираната страна да наведе што бара од списокот. Не може да се поднесе барање по системот " да видиме што има таму, па можеби нешто да биде и наше“. Во исто време, Словенија до ден денес ја нема вратено скапоцената збирка на автомобили позајмени за изложба од Белград пред војната. Таа е во техничкиот музеј во Словенија, а од 17 возила, 11 се во сопственост на историскиот музеј на Југославија,  а два на Воениот музеј на Калемегдан. Меѓу нив се "horh glazer“, кабриолет од 1938 година и блендиран "pakard“ од 1937, за кој се верува дека е подарок од Сталин и дека вреди најмалку дав милиони долари. Меѓу најскапите автомобили на списокот е и бледираниот "mercedes kupe“ од 1939. Неколку слични модели се продадени на светски аукции во последните години за цена од 4,6 - 9 милиони долари. " Словенците се однесуваат по принципот: она што е кај нас е наше, а она што е кај вас е заедничко. Затоа судот теба да го отфрли овие барања ", вели адвокатот на Брозови. На нивно големо изненадување, судот им доставил на изјаснување уште едно барање во кое човек чие семејство загинало по Втората светска војна и на кого му било одземено стадо кози исто така бара да се вклучи во оставинската постапка и така да биде обесштетен. Адвокатите ова барање го сметаат за правно неосновано и не им е јасно зошто судот веднаш не го отфрлил. Наследниците на Броз не само што треба да се изјаснат по основ на поднесените барања, туку на судот треба да му ги набројат движностите кои ги бараат. Ова барање на судот го оценуваат како бесмислено затоа што не им се доставени до крај сите списоци со имотот останат од доживотниот претседател на Југославија. Инаку, во депото 555, познато како сефот на Тито, најголемиот дел на пронајдени предмети припаѓаат на династијата Караџорџевиќ, што е потврдено и од овластен судски вештак кој бил ангажиран од три члена комисја на претседателот на Србија. Помеѓу нив најголемиот дел е накит, ордени и часовници со кралски монограми. Доколку ова го потврди и судот, произлегува дека Словенија бара приватниот имот на членовите на кралското семејство да биде поделен помеѓу поранешните републики. K.K

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата