И СНЕГОВИ И ДОЖДОВИ И ВЕТЕР ПОВТОРНО ОД ПОНЕДЕЛНИК: Само овие неколку дена ќе биде потопло
Објавено во: Македонија 30 Март, 2023
Утринава во Македонија беа измерени навистина невообичаено ниски
температури на воздухот, и тоа невообичаено ниски за крај на месец март, објави метеорологот Славчо Попоски.
Најстудено како што и беше најавено беше на високите северозападни планински предели, па така на Попова Шапка беа измерени дури -10 степени, потоа -7 во Претор, -6 степени во Маврово, -3 степени во Охрид и во Битола и најтопло беше во Гевгелија и тоа 4 степени.
Во Скопје беа измерени 2 степени.
-На повеќе места е забележан умерен до засилен мраз, а сето ова многу лошо ќе влијае врз овошките.Потоа во следните неколку денови ќе имаме значителен пораст како на минималните утрински, така и на максималните дневни температури на воздухот. Истите преку ден речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и над 20 степени. До петок времето ќе биде стабилно и со многу повеќе сонце, додека за време на викендот ќе има повеќе облаци и ќе има појава на повремен локален дожд. Ќе дува ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе биде засилен на интензитет. Под влијание на голем но и постуден воздушен бран, во понеделник ќе имаме интензивни врнежи од дожд, снег и северен ветер, но и нов пад на температурите, пишува Попоски.
ФОТО: Unsplash/Marco Amatulli* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.