19 Декември, 2025
0.0418

И СОЛУН УДРИ НА ТУРИСТИТЕ: Блокатори за непрописно паркираните

Објавено во: Финансии 08 Август, 2025 07:30

Добивај вести на Viber

Со цел спречување на непрописното паркирање, општина Солун од вчера воведе блокатори на тркала што ќе се поставуваат на автомобили паркирани недозволено на местата наменети за постојани жители, на рампите за лица со попреченост и во деловите за товарење и истовар, јави дописничката на МИА од Атина.

Блокаторите ги поставува општинската полиција, а од општина Солун соопштија дека мерката била неопходна „со цел да се стави крај на феноменот што е особено распространет во текот на туристичката сезона, со паркирање на стотици автомобили со странски регистарски таблички во центарот на градот“, а дополнително „присутна е појавата кога некои возачи ги вадат регистарските таблички за да не бидат казнети“.

- Возачите што ќе видат дека нивното возило е неподвижно мора да се јават во Дирекцијата на општинската полиција (+302313 317930) и да ја платат соодветната казна за да им биде ослободен нивниот автомобилот, соопштија од општината.

Заменик - градоначалникот задолжен за општинската полиција на Солун Костас Циапакидис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека откако општинската и сообраќајната полиција ги исцрпиле сите други средства во напорите за спроведување на Законот за безбедност на патиштата и спречување на непрописно паркирање, донеле одлука за имплементирање на конкретниот систем.

- Досега, во многу случаи, претежно странски прекршители ја кинеа казната и ја напуштаа земјата бидејќи прекршокот не се гледа никаде. Сега, со блокаторите ова не може да се случи бидејќи само општинската полиција може да ги отстрани, откако ќе се плати казната. Освен тоа имаше случаи кога автомобилите остануваа неправилно паркирани три, четири, па дури и 15 дена, коментира заменик-градоначалникот.

Дополнително додава дека конкретната мерка ќе се спроведува барем до крајот на септември. 

Фото:МИА

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми