И СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ МУ „СРЖА“ НА ОРБАН: Груевски треба да одговара во Македонија
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2018 09:59
Унгарските медиуми се поврзале со Стејт департментот на САД, за да добијат мислење по однос на добиениот политички азил на бегалецот Никола Груевски во Унгарија, откако локални унгарски медиуми ја пренесоа веста, а и самиот Груевски ја потврди.
Министерството за надворешни работи на САД соопштило дека внимателно го следи случајот на поранешниот македонски премиер, особено сега кога добил азил. Заедно со ова, Вашингтон ја потврди својата претходна позиција дека Груевски беше осуден на две години затвор по „детален и транспарентен судски случај“. Стејт департментот додава дека:
„Груевски е обвинет за уште четири кривични предмети. Веруваме дека судските случаи во Македонија треба да продолжат со постапките и дека Груевски ќе одговара пред македонскиот правен систем“.
Ова укажува на фактот дека не е оправдано позитивниот одговор на Орбан за Груевски.
Да потсетиме...
Минатата недела, беше издаден налог за апсење за Груевски откако тој не се појави да ја отслужи својата двегодишна казна за „корупција“ .
Минатиот вторник, тој на својата страница на Фејсбук објави дека е во Будимпешта и дека побарал политички азил. Скопје поднесе документи за екстрадиција во вторникот оваа недела. Во меѓувреме, унгарскиот министер за надворешни работи, Питер Сијарто, призна дека вработени во амбасадата на Унгарија му помогнале на поранешниот македонски премиер да оди во Будимпешта.
foto: br.usembassy.gov
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




