29 Јуни, 2024
0.0395

И ТАСЕВСКИ СО РЕАКЦИЈА ЗА ИНЦИДЕНТОТ НА КАНАЛ 5: Ви пречи што ние Македонците, нешто нон стоп Албанците ова Албанците она... Ајде со ред...

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Актерот Сашо Тасевски во свој стил распали за синоќешните случувања во Канал 5 телевизија.

„ Го видов скандалот на Само вистина со Рамадани.

Се запознав лично во 2016 со него кога ми честиташе за еден говор што го одржав во А.Палас. Мислеше сум некој нов млад политичар во подем, не знаеше дека сум глумец. Се збуни кога му кажав.

Нејсе, да му се обратам за она вчера.

Со сета почит што ја имам кон него.

Рамадани вие сте гостин во емисија. Не смеете да му се мешате на новинарот како да ја води емисијата, како да зборува, какви прашања да поставува. Особено кога се работи за добар новинар, чист ко солза, во етичка и морална смисла. Добро воспитан од дома.

Ви пречи што ние Македонците, нешто нон стоп Албанците ова Албанците она...

Зошто немаме доверба во Албанците?

Ајде со ред...

А списокот е долг. И нема да се враќам до УЧк и Мавровските работници и оние кои им пишуваа со ножеви по грбовите и не беа дадени во Хаг, како и оние кои ги избркаа Македонците од Арачиново и други места, кои ја исклучуваа водата за кумановци во 2001.. Наместо во Хаг, влегоа во парламентот преку ДУИ, станаа директори, министри, а некои уште се на функции. Остави тоа.

Македонците ги боли и друго.

Што излеговте да гласате за промена на името на македонската држава.

Кој ви даде право да одлучувате во име на мнозинството Македонци и да им го менувате името?

Кој ви дава право да влегувате во преговори со Бугарите, да играте на нивна страна за да ги побугарчите Македонците.

Кој ви дава право да бидете дел од таа пропаганда да,се убедат Македонците да ги прифатат нецивилизациските антиевропски уцени на Бугарија?

На голем митинг на кој беше повикан странски премиер, и во негова чест веевте знамиња на Голема Албанија.

Албанец вицепремиерот, леташе орли со рачињата јавно на тв медиуми, што е навредливо за Македонците. Симбол на тој подивеан албански етнофашизам што го криете пред меѓународната јавност. Оти вие сте на место. Ние Македонците сме националисти и никакви.

Истиот тој вицепремиер рече дека Кичево е воен плен од 2001 и дека Албанец градоначалник никогаш Кичево нема да има.

Па дедо ми Стојан е двапати ранет од балистите кај Колари и Зајас во кичевско во 1944 година. Таа земја во кичевско е натопена и од неговата крв Рамадани.

Колку мене ме ме боли ко ќе го чујам Груби премиерот дека Кичево е воен плен.

Изгледа пак ќе треба да го ослободувама, а Рамадани?

И да не зборувам за вашето умешно играње на улогата жртва.

Штом Македонците за нешто се обидат да ви префрлат, одма скокате колективно, облекувате војнички чизми се заканувате со војна и вака по емисии не нарекувате националисти и ни кажувате како треба.

Ја сфаќаме ние реалноста Рамадани, затоа сме ѓаволски исплашени од сите хиени околу нас што сакаат да не поништат како народ, а нема кој да бе заштити, зашто најдолниот квислинзи ги претставуваар Македонците во власт

Извини вака Рамадани. Ништо лично. Ќе ми биде многу мило ако те видам негде низ градов и срдечно ќе те поздравам. И биди жив што подолго, но она што вчера го кажа не беше во ред. Ние очигледно не можеме заедно. Живееме во лош брак Македонците и Албанците. Многу лош и токсичен. И се додека глумиме дека сме заедно, држава нема да имаме. Ќе мора пак да дојде до нешто што никој не го сака.

Свесен си за тоа така?“ напиша Тасевски.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори