23 Ноември, 2024
0.0291

Бучковски дава „амин“: Побезболно ќе беше ако договорот со Грција го решевме додека бев премиер

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Договорот кој го постигнаа владите на Македонија и на Грција е договор кој го гарантира нашиот идентитет и секако договор кој ги отвора портите на НАТО и на Европската Унија, вели поранешниот премиер Владо Бучковски во ексклузивно интервју за Фактор. На прашањето дали ако проблемот се решел дури тој бил претседател на Владата, решението ќе било подобро и побезболно одговара потврдно. Сепак додава дека во тоа време и околностите биле сосема други, а Македонија не била во позиција на вриење од која нема излез, без алтернатива како сега.

-Верувам дека овој договор ќе го издржи тестот на референдумот кој ќе биде вистински тест и за зрелоста на политичките партии, пред се на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која сметам дека ќе даде шанса граѓаните да се изјаснат на референдумот. Важно е мнозинството да го поддржат, во спротивно пропаѓа и договорот, пропаѓа и Владата и ќе имаме нови избори и се она што се последици на евентуалниот неуспех на референдумот. До крајот на годината ќе има и турбулентни периоди. Улогата на претседателот Ѓорѓе Иванов останува дискутабилна и проблематична. За жал тој не собра сили да биде на рамништето што се очекува од претседател на една држава која претендира да биде членка на НАТО и на Европскта Унија. Лош е впечатокот и затоа овие реакции на меѓународната заедница, не само интервјуто на Јоханес Хан, туку и одбивањето на Бојко Борисов и Екатирина Захариева да се видат со него. Тоа не се само шамари за Иванов тоа говори лошо за нашата држава.

ДОГОВОРОТ МОЖЕШЕ ДА БИДЕ ПОДОБАР

На дваесетина страници е, тврдите дека ни е во полза, но секако договорот е асиметричен. Што можеше да биде поинаку?

-Ако бараме влакно во јајцето секако ќе најдеме некои елементи кои би можеле да бидат подобри. Јас ја гледам големата рамка. Реално ја прават Македонија да биде дефинитивно во позиција да конечно се етаблира како членка на Европската Унија и НАТО. Тоа е клучното прашање кое ја измачува оваа генерација на политичари.

Една генерација политичари меѓу кои и вие не го решивте името додека ја имавте моќта да потпишувате?

-Привремената спогодба постигната во 1995 година е како некој вовед, но привременото име навистина траеше предолго. Имаше веројатно моменти кога побезболно ќе го решевме ова прашање. Секоја генерација на политичари биела своја битка штитејќи ги црвените линии. Јас можам да говорам за оној момент кога јас бев претседател на Владата. Република Македонија, реално како лидер на Западен Балкан, како земја што доби статус кандидат за членство во Унијата во 2005 ја тестираше Грција која тогаш не го искористи правото на вето, заради тоа што Македонија беше во тој момент исклучително кооперативна и со Вашингтон и со Брисел, Берлин, но од друга страна имаше исклучително добра соработка и со грчката страна. Сето тоа  ни даваше за право да веруваме дека времената спогодба, не може да ја исправи Грција пред предизвикот да искористи вето или да лобира за спречување на евроатланските интеграции. Бидејќи тоа се случи во Букурешт во 2008 година, треба да правиме една дистинкција, од 1995 до 2008 и подоцна. Ако говориме дали сме имале подобри шанси – одговорот е да, сме имале, но тогаш верувавме дека времената спогодба дава доволно сила да издржиме на онаа формула што ние претендиравме дека ќе биде во наша полза. Тоа е двојната формула. Ги броевме државите кои го признаваа уставното име на Македонија, со тоа сметавме дека сме во поповолна позиција. Признавањето на САД на нашето уставно име во пресрет на референдумот против територијалната организација есента 2004 уште повеќе сметавме дека ги зацврсти нашите позиции и ние реално, преговаравме, но сметавме дека нема потреба да ризикуваме со било што што би ги загрозило позициите на Македонија во преговорите и за промена на уставното име на Македонија.

ВОДЕВМЕ ПОГРЕШНА ПОЛИТИКА

Од овој аспект излегува дека сме изгубиле доста време

-Во 2005 кога ја подготвуваме атмосферата дали Макеоднија има шанси да добие статус кандидат за членство во ЕУ од сите страни пристигнуваа сигнали дека Грците нема да бидат проблем. По добивањето на статусот во 2006 година имав директна средба  со тогашниот грчки премиер Караманлис во Брисел кој говореше дека нивната позиција останува непроменета. Односно рече дека ако ние инсистираме да влеземе во НАТО под уставното име, тие се против. Ако ја користиме времената референца, нема да има никаква пречка, туку очекува кога ќе почнат преговорите со ЕУ, со посилни позиции, изградена меѓусебна доверба дека ќе го затвориме ова прашање. По ветото во Букурешт во 2008 година очигледно беше дека мора да се менува тактиката. Останува еден период кој за мене е енигма, што ВМРО-ДПМНЕ правеше во оние години од 2011 до 2013 година кога според мои информации имавме поволен ветар да дојде до решавање на проблемот за името кој можеби немаше да биде ваков каков што  е денес. Од тогаш до денес во овие десет години, ние имавме период во кој ги изгубивме нашите пријатели, ја испровоциравме Грција, го разбудивме национализмот, влеговме во шема дека ние сме иредентисти кои се обидуваат да ја крадат нивната историја. Овој процес на антиквизација реално кој го почна Груевски по преземањето на власта во 2006 година многу скапо не чинеше. Прво го подели македонскиот народ, второ го загрози нашиот идентитет. Затоа и овој договор прави дистинкција помеѓу античкиот период и овој период на современата македонска држава која ние сега по овој договор ќе ја именуваме наскоро како Северна Република Македонија.

Значи рековте решението тогаш ќе беше побезболно, можеби немаше да биде за севкупна употреба. Можевте ли тогаш да потпишете подобро решение.

-Таа Влада која јас ја предводев да беше исправена пред вакви предизвици, да зависеше решавањето на овој проблем од евроатланските интеграции мислам дека имаше доволен капицетет, но очигледно дека тоа во тој момент тоа не беше син ква нон. По 2008 година ние се соочуваме со нова реалност. Реално, во тие околности ако би го решавале ние проблемот, би имале подобро решение. Но тоа не беше тогаш неопходно за да продолжи евроатланскиот пат. Сепак погрешните политики потоа, доведоа до тоа да имаме реално полошо решение од што заслужуваме.

НЕМА ДРУГА АЛТЕРНАТИВА

Дали очекувате да не се реализара договорот и што во таков случај?

-Јас сум оптимист дека ќе дојде до реализација но со потешкотии. Се навраќам кога го имплементиравме Охридскиот рамковен договор. На крај, исклучително беше и тогаш наелектризирана атмосферата, имаше протести како и сега, емотивни реакции од граѓаните. Ако не поминеа уставните измени ако не се имплементираше договорот, тогаш опцијата беше да се прифати планот од МАНУ да дојде до поделба на Македонија и хумана преселба на народите. И сега алтернативата е таа. Во политиката ретко имате втора шанса,затоа, особено Мицковски и новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат исправени на тест да поддржат референдум и граѓаните да се изјаснат за ова важно прашање или пак граѓаните да го срушат овој сон.

А Заев? Јавноста е поделена. Некои го сметаат за храбар, другите за предавник?

-Геополитичките состојби сега доведоа до тоа и меѓународната заедница да го користи своето влијание и влијанието на носењето на овие одлуки беа дополнителни адути на Заев во носењето на овие одлуки. Силата на Македонија во споредба со Грција не се мери, затоа договорот е асиметричен. На самиот почеток кога се говори за нашето име, поголема е тежината. Затоа не можеме да мериме на кантар кој изгубил, вин вин не може да се постигне. Мислам дека тоа е направено како што треба. Упорен беше Заев, ама и Димитров. Потезите кои сега ги влече влијаат на неговиот рејтинг. Некој велат дека е лидер, некои дека е предавник. Така беше и во 2001 година.

А што тогаш ќе се случува на политичката сцена по ова?

-Поголема е дилемата за политичката кариера на Мицкоски. Ова е сериозен тест, од ова ќе зависи дали тој ќе биде наследникот на Заев или неговата политичка кариера ќе заврши.

Александра Томиќ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР