19 Декември, 2025
0.1294

И власта и опозицијата со свои закони за помирување

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2018 06:25

Добивај вести на Viber

И опозицијата и власта на своја воденица си го тераат помирувањето со тоа што едните веќе подготвија предлог-закон, а другите најавуваат брзо решение во декември по крвавите настани на 27 април во Собранието лани.

Телото за помирување најверојатно наредната недела ќе му предложи на Собранието, закон за амнестија на учесниците во собраниските настани од 27 април. Осумтемина исклучени пратеници кои формираа независна пратеничка група интензивно работат законското решние. Од независната пратеничка група велат дека засега не е познато дали ќе се вика закон за амнетија, за помирување или некако поинаку, но велат целта на законот е да се изнајде правен начин и да се обезбеди правда за сите кои не извршиле насилство, а учествувале во мирни протести. Кон крајот на оваа недела треба да се состанат членовите на работното тело за помирување и да ги договорат сите дели.

До средината на декември треба да биде готов овој предлог-закон за амнестија. Новото законското решение кое што треба да произлезе од работата на Координативното тело за помирување е во фаза на подготовка и се бара начин како да се постигне целта, без да се наштети на правниот процес, вели пратеничката Емилија Александрова, од таканаречените независни паретници од ВМРО ДПМНЕ која е претседавач на тоа тело.
За содржината на решение не се зборува многу, но може да се заклучи дека за настаните од 27-ми април барем за дел од обвинетите амнестија ќе има.

Во меѓувреме предлог-законот за амнестија за 27 април, предложен од парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ, е ставен на дневен ред на пленарна седница на 26 ноември во Собранието. Со овој предлог, 29 поднесувачи од ВМРО-ДПМНЕ бараат да бидат амнестирани сите осудени, обвинети и осомничени за настаните во Собранието на 27 април минатата година.
Од опозицијата и натаму велат дека нема да учествуваат во работата на оној закон кој го подготвува власта со независната пратеничка група која гласаше за уставните измени. Според ВМРО ДПМНЕ најавите кои доаѓаат за она што го подготвува ова тело, се претвора во тело за порамнување.

Инаку, премиерот Зоран Заев во петокот рече дека законот за амнестија би значел ослободување од обвинение за оние кои не учествувале во насилството во Собранието на 27 април.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица