И во БиХ бараат работници за берба на јаболка
Објавено во: Балкан 03 Август, 2018
Овоштарите во БиХ, бараат илјадници берачи на јаболка, за што нудат дневници до 20 евра.
Велат дека родот годинава е како никогаш досега и дека најголем проблем им претставува недостигот на амбалажа за бербата.
„Околу 1 септември почнува бербата на јаболка и тогаш ќе ни бидат потребни работници колку што никогаш досега не ни требале. Се работи за повеќе илјади работници кои ќе бидат неопходни за бербата која ќе трае околу два и пол месеци. Кој и да ни се јави, ќе биде вработен. Работник за месец дена може да заработи од 500 до 600 евра. Дневницата е од 17 до 20 евра, со два оброка, кафе, некаде обезбеден превоз и сместување“- вели Драгоја Дојчиновиќ, претседател на Здружението на овоштари на Република Српска.
Сличен проблем имаат и хрватските овоштари.