И ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ СТАНУВААТ СЕ ПОСИРОМАШНИ: Лоши очекувања за македонската економија
Објавено во: Економија, Корона Вирус 03 Јуни, 2020
Билјана Дуковска од Македонска платформа против сиромаштија вели дека пандемијата на коронавирусот ќе го продолжи трендот на нестабилни и неквалитетни работни места.
Според неа, во незавидна положба ќе бидат не само невработените туку и вработените кои се сиромашни.
Дуковска објаснува дека ако се направи анализа на домаќинствата кои живеат во сиромаштија кај нас, најголем проблем е ниската економска активност, односно невработеноста кај членовите на домаќинството или нискиот приход.
„Со оглед на тоа што пандемијата донесе енормно намалување на вкупната економска активност на земјата сосема е очекувано и реално дека бројот на вработени сиромашни ќе порасне. Би сакала да потенцирам дека кога зборуваме за вработени сиромашни, тоа не се само лицата кои оствариле приход кој е понизок од прагот на сиромаштија, туку и оние кои својот приход го делат со останатите членови на домаќинството кои немаат приход или се издржувани лица и индиректно запаѓаат во сиромаштија. Во изминатиот период сведочиме на губење работа заради непродолжување на договори за работа кои биле со краток рок, стопирани активности во неформалниот сектор, намалена побарувачка за услуги на самостојните вршители на дејност, формални и неформални, но и на намалени плати кај редовните вработувања, и сето тоа дава свој удел во процентот на вработени сиромашни“, изјави Дуковска.
Во наредниот период граѓаните ќе живеат во неизвесност, поради пандемијата на Ковид -19. Нема да биде лесно да се најде работа, или да се задржи постојната.
„Пандемијата ќе го продолжи овој тренд на нестабилни и неквалитетни работни места и ќе ги стави вработените сиромашни во слична положба со невработените лица, бидејќи честопати ќе го менуваат статусот – од работен во невработен, а со тоа ќе се загрози нивната сигурност. Исто така, она што уште повеќе го проблематизира процесот е преминот од статусот кога добиваат бенефиции кон работниот статус и назад, односно периодот кога домаќинствата остануваат без никаков приход додека лицата го менуваат статусот, и тоа ги фрла во замката на сиромаштијата. Последново го споменувам во контекст на сетовите социо-економски мерки кои беа креирани од Владата како поддршка за излез од состојбава“, објаснува Дуковска.
Над 55.000 луѓе во Македонија може да западнат во сиромаштија, сметаат од Светската банка.
Ќе се зголеми и бројот на сиромашни вработени за два до три пати.
Сиромаштијата ќе се врати на нивото од пред 2017, па дури и од пред 2015 година.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.