И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?
Објавено во: Економија 15 Април, 2024
Повторно скокна цената на златото. Тоа утрово поскапе, а во исто време цената на нафтата од типот брент се намали под 90 долари за барел.
Цената на златото се зголеми на 2.353,74 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата се намали на 5,4830 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,06526.
Расте и цената на среброто и допрва се очекува тоа да биде барано ако војната на Блискиот Исток ескалира. Имаше прогнози дека и златото ќе поскапува до крајот на годинава.foto freepik.com/EyeEm
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.