17 Декември, 2025
0.0414

Иако е скапоцен ресурс, сепак, наплатата на водата за пиење бележи подеми и падови

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2022 07:33

Добивај вести на Viber

Во текот на изминатата 2021 година, согласно податоците кои ги објавува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, ефикасноста на наплатата на водната услуга водоснабдување во поголемиот број региони бележи зголемување во споредба со 2019 и 2020 година. Сепак, каратеристично е што во Скопскиот регион каде имало најголема наплата, изминатата и претходната година наплатата е со намалено темпо.

-  Ефикасноста на наплатата за водната услуга водоснабдување во 2021 година бележи зголемување во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот, Полошкиот и Североисточниот регион во споредба со 2019 и 2020 година, додека во Југозападниот, Пелагонискиот и Скопскиот регион бележи благо намалување во споредба со 2019 и 2020 година – се наведува во извештајот на РКЕ.

Дополнително РКЕ утврдил дека има намалување и кај покривањето на трошоците за водни услуги водоснабдување во текот на минатата година споредено со претходните две години.

-  Во Полошкиот и Скопскиот и Југоисточниот регион покривањето на трошоците за водната услуга водоснабдување во 2021 година е на повисоко ниво во споредба со другите осум региони во Македонија - согласно со податоците со кои располага Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Варијации во наплатата на водната услуга регистрирало и Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ во нивната Анализа на состојбите во секторот водни услуги, кои утврдиле дека процентот на наплата кај јавните комунални претпријатија во земајва  се движи околу 80.

-  Средната вредност на процент на наплата на водната услуга водоснабдување е 80,25 отсто во 2019 и 79,78 проценти во 2020 година. Максималната вредност на процент на наплата за 2019 година е 100 отсто во ЈП Комуна – Крушево, ЈПКД Маврово – Маврови Анови и ЈКП Гази Баба - 2007). Во 2020 година 100 отсто наплата имаа ЈКП Шари – Боговиње  и ЈПКД Маврово –Маврови Анови. Минималната вредност на процент на наплата и за 2019 и за 2020 година е 37 отсто и истата е регистриана во ЈПКД Лакавица – Конче. Бројот на ЈКП кои имаат процент на наплата за 2019 година над средната вредност е 20 јавни комунални претпријатија, додека во 2020 година е 24 јавни комунални претпријатија. Од друга страна, бројот на ЈКП кои имаат процент на наплата за 2019 година под средната вредност е 16, а во 2020 година е 12 јавни претпријатија – стои во анализата на АДКОМ.

Согласно нивните податоци најголем процент на наплата на водната услуга водоснабдување во 2019 година има во Скопскиот Регион со 94 отсто, а најмал во Полошкиот Регион 77,13 проценти. Додека во 2020 година најголем процент на наплата на водната услуга водоснабдување, иако намален има повторно во Скопскиот Регион 86 отсто, а најмала во Вардарскиот Регион 73,13 проценти.

-  Во два плански региони има зголемување на процентот на наплата на водната услуга водоснабдување од страна на јавните комунални претпријатија во 2020 година во однос на 2019 година: Југозападен (1,38%) и Полошкиот Регион (0,36%), додека во останатите шест региони има намалување на процентот на наплата на водната услуга водоснабдување од страна на јавните претпријатија.  Во Вардарскиот за -9,86 отсто, во Источниот -0,41 процент, Југоисточниот -3,24 отсто, Пелагонискиот -6,44 проценти, Североисточниот -0,51 отсто и Скопскиот Регион -8,51 отсто – наведува АДКОМ.  

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра