17 Декември, 2025
0.0795

ИФЦ и Охридска банка се здружија за поддршка на трговците во Македонија

Објавено во: Економија 21 Август, 2013 11:25

Добивај вести на Viber

ИФЦ, членка на групацијата на Светска банка, и Охридска банка влегоа во партнерство со цел да го зголемат пристапот до финансии и да ја поттикнат меѓународната трговија на малите претпријатија во Република Македонија. ИФЦ и додели на Охридска банка кредитна линија од 10 милиони долари во рамките на Глобалната програма за финансирање на трговското работење (GTFP). GTFP го поддржува трговското работење на растечките пазари преку обезбедување делумни или целосни гаранции за индивидуални трговски трансакции што имаат  кредитен рејтинг „ААА„ од ИФЦ. Со поддршката од ИФЦ, Охридска банка ќе биде во можност да обезбеди дополнително финансирање за своите трговски клиенти, особено за малите и средни претпријатија со потенцијал за раст кои се активни во енергетскиот, металуршкиот, рударскиот, текстилниот, прехранбениот, индустрискиот и транспортниот сектор. Филип Котора, член на Одборот на директори на Охридска банка, изјави дека : "Вклучувањето во GTFP ќе ни помогне да ја зголемиме нашата база на клиенти и да го зголемиме нашиот удел во домашниот пазарот на трговско финансирање. Имаме задоволство да работиме со ИФЦ во поддршка на развојот на домашните компании во Македонија. " -Со приклучувањето кон нашата глобална мрежа, Охридска банка може да изгради и да ги зајакне односите со над 250 меѓународни емисиони банки", рече Џорџцина Бејкер, Директор на ИФЦ за Глобална трговија и решенија за синџирите на набавки. "Поддршката на ИФЦ за локалните трговци ќе и овозможи на земјата да ги прошири своите извозни капацитети и да овозможи зголемување на економскиот раст." Од своето основање во 2005 година, GTFP на банките во растечките пазари им има издадено преку 15.000 гаранции во вкупна вредност од 25 милијарди УСД за подмирување на трговските обврски на нивните финансиски клиенти. Во фискалната 2013 година, ИФЦ одвои 3,1 милијарда УСД за поддршка на трговијата во најсиромашните земји во светот, и 80 % од сите гаранции завршија кај малите и средни претпријатија. GTFP вклучува повеќе од 500 партнерски банки.      

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?