Илија Димовски образложи зошто Клинички треба да се гради во Петровец
Објавено во: Македонија 25 Април, 2018 15:21
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на својот Фејсбук профил пишува дека кога веќе Владата одлучила Клиничкиот центар да не се гради на претходно предвидената локација, време е да се предложат други решенија и алтернативи освен единственото за кое Владата размислува во Бардовци, на север од Скопје.
Вели дека изградбата на Клиничкиот центар значително подобро би било да се гради во општина Петровец во споредба со сегашната локација во Бардовци.

„Општина Петровец се наоѓа на стратешки добро поставена позиција во чиј радиус од максимум 40 километри се наоѓаат четири големи градови: Скопје (10 км), Куманово (20 км), Велес (30 км) Штип (40 км). Во балансиран радиус околу општина Петровец лесно и брзо гравитираат многу општини: Кавадарци, Неготино, Росоман, Градско, Чашка, Велес, Лозово, Свети Николе, Карбинци, Штип, Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Арачиново, Илинден, Зелениково и градот Скопје. Вкупниот број на жители на општините кои гравитираат на ова подрачје е околу 970.000 или близу половина од вкупниот број на жители на Република Македонија. Општина Петровец е на инфраструктурно најдобрата позиција во Република Македонија. Тука е раскрсница за 4 автопатски правци: - кон Велес и Гевгелија (јужно); - новиот автопат кон Штип, кој ќе продолжи со експресни патни правци кон Кочани и Радовиш (источно); - кон Куманово (север); - кон Скопје, обиколница и кон Тетово, Гостивар (запад)“ - пишува пратеникот.
Наведува и дека во Петровец се наоѓа и аеродром кој секогаш се користи и ќе се користи за превоз на пациенти кон регионалните и светски центри за лекување.
Дополнително има значително големи парцели на државно земјиште што ќе ја ослободи Владата од планираните трошоци за експропријација на приватно земјиште во Бардовци, општина Карпош.
„Предлог иницијативата ќе биде понудена на поддршка на пратениците од сите политички партии со надеж дека ќе биде прифатена како надпартиска и со исклучителна намера да се донесат правилни одлуки во интерес на граѓаните на Република Македонија. Предлог иницијативата ќе биде доставена до Владата на Република Македонија и Министерството за здравство, со надеж дека ќе биде разгледана и прифатена, без разлика на тоа дека како иницијатива започнува по предлог на пратеник на опозицијата во Собранието на Република Македонија“ - додава Димовски.
Се надевам на поддршка, совети и коментари од стручни лица кои ќе можат да ја збогатат оваа иницијатива, пишува Димовски.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето




