Илинден заврши, Заев и Мицкоски заминуваат на одмор
Објавено во: Македонија 03 Август, 2019
Претседателот на македонската Влада, Зоран Заев, од денеска, според најавите ќе ги минува своите денови од летниот годишен одмор со своето семејство, прво во Охрид, а потоа во Грција. Премиерот вчера го прославуваше националниот празник Денот на републиката, а од денеска се очекува да ги полни батериите за понатамошните политички предизвици.
Христијан Мицкоски по празникот Илинден исто така заминува на одмор. Веќе најави дека по традиционалната прослава на Илинден во струшкото село Ташмаруништа, со семејството заминува на еднонеделен одмор во Хрватска.
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска веќе е на годишен одмор од 25 јули до 5 август во Скандинавија. Во овој период одмори најавија и вицепремиерите Кочо Анѓушев, односно Бујар Османи во Грција и Албанија.