25 Ноември, 2024
0.0265

Александар Иљов, директор на Секторот за маркетинг во Халкбанк

Иљов: Халкбанк и годинава потврди дека на пазарот нуди производи по мерка на потрошувачите

Објавено во: Финансии, Интервјуа 28 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Со остварена актива од над милијарда евра, што е раст од 12,67 отсто во однос на крајот на минатата година, кредитен раст до октомври од 13,38 проценти во однос на декември минатата година и раст во истиот период на депозитната база од 17,7 проценти, Халкбанк АД Скопје и годинава потврди дека е еден од најсилните банкарски брендови на македонскиот пазар. За тоа како Халкбанк и во кризната година што изминува успеа да постигне одлични резултати, зборуваме со Александар Иљов, директор на Секторот за маркетинг во Халкбанк.

Пандемијата со Ковид-19 ги измести сите текови и во животот и во економијата. Сепак, иако земјава забележа пад на производството и пад на БДП, банкарскиот сектор може да се пофали дека успешно ја менаџира  состојбата. На што се должи ова?

Иљов: Секако се должи најмногу на фактот дека македонскиот банкарски систем е стабилен и отпорен на потреси. Домашните банки во најголем дел се високо ликвидни и добро капитализирани. Ова особено се однесува на поголемите банки меѓу кои е и Халкбанк АД Скопје. Многу е важно и тоа банката да има поддршка од сопствениците на која може да се потпре во секое време.

Халкбанк има перманентна и безрезервна поддршка од нашата матична банка Халкбанк АШ Турција. Таа поддршка се однесува како во поглед на тековното работење, во пренесување знаења и искуство, така и во зголемување на капиталот. Само минатата година беа направени две докапитализации во вкупен износ од 24,6 милиони евра, како уште еден чекор во насока на спроведување на стратегијата за раст на банката. Последната докапитализација беше извршена во март годинава во износ од значајни 20 милиони евра.

Ваквата поддршка овозможи Халкбанк на дадената ситуација да одговори со ургентно донесени мерки кои се однесуваат на државата и на граѓаните. Тоа го вклучува предвременото плаќање данок на добивка за 2020 година, укинувањето на провизиите за користење на електронското банкарство за време на вонредната состојба, како и мерките за поддршка на граѓаните и стопанството со одложување на плаќање на обврските по однос на кредити за шест месеци. Дополнително, на овој начин нашата матична банка даде поддршка и за натамошните активности кои следеа во поглед на очекуваното зголемено кредитирање.

Секако, многу важна е и политиката која ја води НБРСМ. Мерката за нова категоризацијата на нефункционалните кредити, намалување на референтната каматна стапка и друго, без значајни и за граѓаните, кои можеа да се чувствуваат порелаксирани, но и за банките кои продолжија засилено со кредитирањето и на населението и на стопанството.

Минатата година ја завршивте со актива од 934 милиони евра. Со колкава актива ќе ја завршите оваа кризна 2020 година?

Иљов:  Заклучно со октомври, нашата актива изнесуваше нешто над милијарда евра, што е раст од 12,67 проценти во однос на крајот на минатата година која ја завршивме со вкупна актива од околу 934 милиони евра. Притоа, со докапитализацијата, нашите сопствени средства во првата половина од годината достигнаа 140 милиони евра. Халкбанк е добро капитализиранабанка со исклучителни резултати во изминатите години што придонесе да биде најбрзорастечка банка и да стане четврта банка по големина во земјава.

Спомнавте дека мерките на Централната банка, но и високата капитализација на банките овозможија да продолжи кредитирањето со засилено темпо. И најновите оценки за кредитниот пазар на НБРСМ упатуваат на поголема кредитна активност во 2020 година од очекуваната. Какви резултати постигна Халкбанк?

Иљов: За поттикнување на кредитната активност, Народната банка од почетокот на кризата донесе низа мерки, создавајќи услови за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките. Ова секако придонесе за пад на каматите на кредитите, па и го направи кредитирањето поатрактивно. Ова го искористија многу граѓани, некои за обезбедување средства за тековни потреби и за сигурност во време на криза, некои за рефинансирање на постојни кредити или, пак, за обезбедување сопствен дом. Стопанството најмногу имаше потреба од средства за обезбедување ликвидност. Ние можеме да се пофалиме дека имаме раст на кредитирањето многу поголем од проектираното. Халкбанк постојано се труди да има поголем раст од оној на ниво на секторот што овозможи да бидеме најбрзорастечка банка и за една деценија откако делуваме под брендот Халкбанк на македонскиот пазар, да влеземе во групата на четирите најголеми и системски значајни банки во земјава. Проекциите за 2020 година предвидуваа пораст на вкупните кредити и депозити од околу 12 отсто, додека порастот на вкупната актива се очекуваше да изнесува нешто над 11 отсто. Во ваква кризна година успеавме да остваривме раст и кај кредитирањето и кај депозитната база поголем од проектираното. Вкупните кредити до ноември имаа раст од 13,61 проценти во однос на декември минатата година, односно во апсолутен износ растот на кредитирањето е за околу 83,9 милиони евра. Кај корпоративниот сектор има пораст на кредитирањето од 1 отсто, а кај населението за дури 26,42 проценти. Раст имаме и во делот на депозитите така што нашата депозитна база на крајот на ноемвриво однос на крајот на 2019 година е зголемена за 129 милиони евра, што претставува раст од 19,1 отсто. Ваквиот раст во сегментот депозити делумно се одраз на поголемата воздржаност од трошење во услови на неизвесност, како и на спроведените економски мерки на државата за справување со последиците од здравствената криза, преку кои се обезбедија дополнителни средства на компаниите и на домаќинствата за подобрување на нивната ликвидност. Дополнително, преку Халкбанк како една од четирите најголеми банки, се вршеше обештетувањето на штедачите од Еуростандард банка, така што голем дел од овие штедачи останаа да бидат клиенти на Халкбанк.

Дали имате податоци колку кредити имате одобрено годинава и што најмногу се бараше?

Иљов: Најголем раст имаме во кредитирањето на населението. Од почетокот на годинава, заклучно со 24.12.2020 во овој сегмент имаме одобрено 9.736 кредити во вкупен износ од над 120 милиони евра. До крајот на годинава можеби ќе успееме да дојдеме и до бројка од 10.000 одобрени кредити.

Најбарани се секако потрошувачките кредити каде имаме одобрено 8.594 кредити во вкупен износ од 76,5 милиони евра. Многу сме горди и со фактот дека веќе имаме исплатено над 1000 станбени кредити во вкупен износ од 44,3 милиони евра. Ваквите добри показатели во работењето се потврда дека производите кои ги понудивме на пазарот наидоа на одличен прием и дека навистина се креирани по мерка на потрошувачите. Нашата стратегија предвидува токму тоа – креирање производи според барањата на пазарот.

Какви производи понудивте во овој кризен период, што побудија така голем интерес?

Иљов: Како одговор на кризата на пазарот понудивме повеќе нови кредитни производи со атрактивни каматни стапки и услови. Освен што на своите клиенти им овозможивме одложено плаќање на обврските, по завршување на овој шестмесечен период, креиравме и нов Потрошувачки кредит со кој излеговме во пресрет на сите оние кои имаа потреба од дополнителни средства. Тука влегуваат и оние кои за своето кредитно задолжување во претходниот период ја користеа првата мерка за одложување на отплатата, а не ги исполнија условите за добивање ново пролонгирање на обврските во второто одлагање. Многу граѓани можеби немале намалување на личните доходи, но со оглед на неизвесниот период, чувствуваат страв за својата финансиска стабилност. Токму затоа и креиравме производ со ниска каматна стапка од само 5 отсто во првите две години, односно 5,5 процентни поени варијабилна за останатиот период, рокот на отплата е до 120 месеци и нуди можност за грејс период од 6 месеци. Креиравме и посебен потрошувачки кредит за здравствените работници, како и нов станбен кредит со најниска каматна стапка на пазарот од само 3,2 проценти фиксна за првите 10 години. Сите овие „пост-кризни производи“, се одлично прифатени од населението.

Халкбанк перманентно вложува и во развој на дигитални канали чие користење годинава во време на криза забележа огромен раст. Од почетокот на годината имаме над 20%  раст и над 9.000 нови корисници на електронско банкарство кои секојдневно ги завршуваат брзо и лесно своите плаќања.

Идната година е јубилејна за Халкбанк – 10 години откако работи на македонскиот пазар? Како ќе го одбележите јубилејот и на што ќе посветите внимание во 2021 година?

Иљов: Овој значаен јубилеј за нас ќе го одбележиме онака како што ќе дозволуваат условите, врзано со пандемијата од Ковид-19. Генерално, во 2021 година, ќе посветиме внимание на создавање нови производи и услуги, пред сѐ за малите и средни претпријатија, како и за населението, кои ќе ѝ овозможат на банката остварување на целите за раст преку задржување на одржливо ниво на профитабилност. Истовремено, по повод јубилејот, за населението и бизнис заедницата ќе излеземе со нови производи, но и со многу поволности и примамливи опции. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен