19 Декември, 2025
0.0401

ИМ БЕШЕ КОЛЕГА, А СЕГА ГИ ТОРТУРИРА - Синдикатот со жестока реакција за однесувањето на новиот директор на Водовод кон вработените

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2022 10:13

Добивај вести на Viber

Вработените во ЈП Водовод и канализација Скопје, од 07 часот утринава се соочуваат со тортура од страна на новото раководство на јавното претпријатие, пишуваат во своето соопштение до медиумите од Сојузот на синдикатите на Македонија. 

„Повеќе од една третина од вкупниот број на вработени во претпријатието се засегнати со губење на работните места и незаконски распоредувани на други работни места со Задолженија без право на приговор и без право на жалба што е спротивно и на Закон и на колективен договор и на Уставот на државата.

Новиот В.Д. Директор кој доаѓа од редовите на вработените во претпријатието, со седнувањето на директорското столче веднаш започнал со тортура, освета и притисок кон неговите довчерашни колешки и колеги од само нему познати причини.

Ваквиот реваншизам и тортура врз вработени е најгрубото кршење на работничките права во скопски водовод, за разлика кога во минатиот период директори и од СДСМ, Душко Вескоски од 2017 година и од ВМРО – ДПМНЕ, Златко Перински од 2021 до 2022 година, се почитуваше колективниот договор, се исплаќаа сите додатоци и надоместоци на плата, се зголеми платата на вработените итн.

За СУТКОЗ при ССМ постојат само работници кои редовно одат на работа и ги извршуваат работните задачи согласно Договорите за вработување, ЗРО и Колективните договори, а не како што милува некој да каже работници примени од овој или оној директор.

Ваквиот однос на новиот в.д Директор може да доведе до колапс на водоснабдителниот и канализацискиот систем во Скопје, поради тоа што квалификуваните работници се упатуваат да извршуваат други работни задачи, а дел од нив ги губат и своите работни места.

Синдикатот СУТКОЗ за овие постапки и самоволие веќе пријави до Државниот инспекторат за труд и се разгледува можноста за штрајк согласно Закон и Колективен договор со една цел, зачувување на работните места и стоп на самоволието на новиот в.д Директор“, пишуваат од СУТКОЗ, каде членуваат вработените во ова комуналкно претпријатие. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот