ИМ ГИ НАПОЛНИ ЏЕБОВИТЕ СО ПАРИ: Дикеч одлучи да ја патентира позата од Олимписките игри

Објавено во: Финансии 03 Септември, 2024 06:00
Турскиот олимпиец во стрелаштво Јусуф Дикеч денеска поднесе барање до турскиот Институт за интелектуална сопственост за заштита на комерцијалната употреба на позата што го направи познат на Игрите во Париз.
„Откако бевме информирани за бројни иницијативи за регистрација на трговска марка, кои беа спроведени без знаење на Јусуф Дикеч, го поднесовме барањето пред околу една недела“, изјави неговиот тренер Ердинк Билгили.
Дикеч на Олимписки игри во Париз го освои сребрениот медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол во мешани двојки, пукајќи со левата рака во џеб, без заштитни очила и слушалки.
Некои спортисти, како шведскиот скокач во далечина Арманд Дуплантис и фудбалерот на Челзи, Николас Џексон, ја копираа неговата поза за време на прославите.
Турскиот јавен информативен канал ТРТ Хабер објави дека многу производи со неговата поза, како што се маици и чаши се пуштени во продажба.
Можеби ќе ве интересира
ОВА Е ЕДНА ОД НАЈЕВТИНИТЕ ЛЕТНИ ДЕСТИНАЦИИ, И СЕ ПОЧЕСТО СЕ БИРА ЗА ОДМОР: Сместување во сезона за 20 евра

ИНТЕРВЈУ СО ИЛИАС ПАПАДОПУЛОС, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРЧКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА: Има силни деловни врски и многу простор за зголемена соработка

КУПИВТЕ ШТО КУПИВТЕ, СЕГА И ТЕМУ ПОСКАПУВА: Имате рок до 25 април да си пазарите по „багателни“ цени

ОВА Е БИЗНИС НА ИДНИНАТА: Новата златна треска на дигиталната економија

СЕ ПРОДАДОА БЛИЗУ ПЕТ ПРОЦЕНТИ ОД АКЦИИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА - БАНКАТА ТВРДИ: Не сме на продажба

СКАПА „ЉУБОВ“: Го гушнал Шолц, па сега треба да плати казна од 4.500 евра

ГРУПАЦИЈАТА НЛБ ОД ЉУБЉАНА СО ДОБРИ ВЕСТИ ЗА СВОИТЕ АКЦИОНЕРИ: Има намера да им исплати 257 милиони евра во форма на дивиденда

ЗЛАТОТО СЕ „ОЛАДИ“ ПО РЕКОРДОТ - еве какви се очекувањата на економистите за следниот период

УШТЕ ЕДНА „ЖРТВА“ НА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Поскапувањето на овој производ доаѓа за сите во Европа
