ИМА ДОГОВОР: 12 земји се договорија за ковид пасошите
Објавено во: Свет, Корона Вирус 12 Април, 2021 18:10
12 земји меѓу кои се Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија се договорија за ковид пасошите.
Целта е да се олесни движењето на туристите со овие пасоши. Листата со критериуми е на разгледување на Европската Комисија (ЕК). Taa идните денови треба да донесе одлука за примената на ковид пасошите.
„Наша цел е ’зелениот пасоши‘ бргу и по можност, едноставно да се применува на ниво на Унијата“, изјави австриската министерка за туризам, Елизабет Кестингер, во разговор со новинската агенција АПА, пренесува „Идекс.хр“.
Вели дека во прашање е доведен опстанокот на европскиот туризам.
„’Зелениот пасош‘ преку QR-кор веднаш дава информација за тоа дали лицето е вакцинирано, тестирано или го прележано коронавирусот. Со тоа се овозможува негова едноставна и практична примена секаде на ниво на ЕУ, од пријавување на аеродромите до посета на некоја локална кафеана“, изјави австриската министерка.
Откако ќе се изјасни ЕК, следно е усогласување на примената на ковид-пасошите и со трети земји. Јужниот сосед беше прв кој заговараше воведување на ковид пасоши.
Поради пандемијата, туризмот во светот лани имаше загуба од најмалку 195 милијарди долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





