Има напредок во преговорите меѓу Грција и ЕУ по изолирањето на Варуфакис
Објавено во: Балкан, Економија 04 Мај, 2015 13:04
Грција и кредиторите од Европската унија (ЕУ) остваруваат напредок во преговорите, неколку дена откако министерот за финансии Јанис Варуфакис беше изолиран од разговорите.
Има „охрабрувачки“ сигнали по средбите, кои се одржаа кон крајот на неделава во Брисел. Преговарачките тимови на ЕУ и Атина ги дискутираа предложените од страна Грција реформи, кои треба да бидат одобрени пред земјата да добие итна транша од 7,2 милијарди евра помош.
„Има сериозен прогрес, доаѓаме до договор. Се ќе биде одлучено оваа недела“, изјавил охрабрениот портпарол на грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбите.
Задоволителните преговори кои почнаа во четвртокот, се предводени од страна на заменик-министерот за надворешни работи Евклид Цакалотос кој го замени контроверзниот Варуфакис на чело на грчкиот преговарачки тим. На крајот на минатата недела, исто така, беше јасно дека листа со реформи била предложена од владата, со што Атина изјавила подготвеност на сериозни отстапки (продажба на државни средства, ограничени реформи во пензискиот систем и промени во даночните обврски).
„По неколку месеци на ќор-сокак во преговорите, новата грчка група на преговарачи е значително подобрена во процесот, имаат јасна стратегија за разговорите ... и повеќе експерти претстават повеќе информации“, соопшуваат агенциите .
„Преговорите се конструктивни и дури би рекол охрабрувачки“, коментирал изворот за агенциите кои ги следат овие преговори. Разговорите продолжуваат денеска и ќе траат најмалку до среда.
Промената во структурата на преговарачкиот тим од страна на Грција е да се наметне, откако комуникацијата помеѓу кредиторите и министерот за финансии Варуфакис стана сложена - Варуфакис постојано влгувал во вербални престрелки со европските партнери, а по последните преговори под негово водство многумина изјавиле дека тој бил изолиран и нападнат поради непреклоноста своја.
Во исто време, Јанис Варуфакис инсистираше на тоа дека тој се уште е одговорен за текот на преговорите и дека последниот напредок е и негова заслуга:
„Да, јас сум одговорен. Сеуште носам одговорноста за разговорите со Еврогрупата. Имам поддршката од многу претставници на владата и не сум на последно место - на мојот најдобар пријател Евклид Цакалотос. Фактот дека некои медиуми ја претставаат ситуацијата како тој да ме заменил, е само уште еден доказ за тоа колку длабоко потонале стандардите за новинарство“, коментирал Варуфакис за германскиот печат.
Преговорите меѓу Атина и Брисел се особено тешки во областа на отпуштањата во пензискиот систем и дерегулација на пазарот на трудот. Портпаролите на Ципрас изјавиле дека кредиторите се спротивставиле на враќањето на колективните договори и побарале повеќе отпуштања кај пензиските исплати.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




