26 Ноември, 2024
0.0325

Има нов протокол за изолација - што се менува?

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во текот на оваа недела Комисијата за заразни болести ќе го стави на дневен ред прашањето за промена на алгоритмот за корона вирусот, односно ќе разговараат за евентуално намалување на деновите што треба да се минат во изолација откако пациентите ќе го прележат заболувањето. 

За Фактор појаснуваат дека веќе сега, во август имаат сосема нови сознанија за Ковид-19 кои претходно, односно до јуни,-јули не ги знаеле, зааради што можено е пациентите откако ќе ја прележат болеста да не мора толку долго да бидат во изолација.

Има нов протокол за изолација, при што нема да бидат потребни контролни тестирања. 

Позитивните се ослободуваат од изолација без контролни тестирања. 

Анализите покажале дека детектираните вируси во контролните брисеви не може да предизвикаат нова инфекција. 

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека досега се направени над 27.000 тестови за Ковид -19 во земјава. 

Имаме 2.932 активни случаи и како што вели Филипче состојбата е стабилна. 

„Значително е намален бројот на хоспитализации“, рече Филипче. 

Вели дека се подготвуваат за есента кога се очекува дека ситуацијата може да се комплицира, поради појавата на сезонскиот грип.

„Започнавме со надградба на капацитетите за пациентите заболени од Ковид“, додаде министерот. 

Кажа дека ковид центрите ќе бидат поставени близу до болниците.

„Јас неколку пати кажав дека мора да се подготвуваме за полоши сценарија, но доколку се придржуваме до мерките, ќе спречиме тоа да се случи. Апелирам да бидеме одговорни, да се почитуваат мерките“, кажа Филипче. 

Додаде дека сите прегледи кои биле откажани во изминатиот период, сега пациентите ќе можат да ги реализираат. 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-40, Куманово-6, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-4, Битола-3, Охрид-6, Кавадарци-2, Гостивар-18, Струмица-1, Пробиштип-2, Берово-1, Виница-5, Делчево-4 и Кичево-7.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти од: Скопје-87, Куманово-18, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-4, Гостивар-9, Македонски Брод-1, Кичево-5 и Ресен-6.

Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (70г.) и еден пациент од Штип (75г.). Пациентите се починати во болнички услови.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик