Има нова снимка за тепањето на Села
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2018 16:27
Нова необјавена снимка од тепање на пратеникот Зијадин Села од скоро сите обвинети за обидот за убиство на 27 април лани беше пуштена во судницата во Основниот суд Скопје 1.
На снимката од телефон се гледа дека Села го удираат многу повеќе лица од тие што се обвинети.
Обвинетиот Александар Јаневски – Тошта стои како ги брани пратениците, а всушност селективно пропушта луѓе само кон Села.
Лице со фантомка на глава удира по лицата од обезбедувањето на Оливер Спасовски.
Села брзо добива боксови по главата, по кои паѓа на подот. Скокаат врз него, го удираат со клоци и железни предмети.
Снимката, предложена од обвинителот Дарко Јакимовски како дополнителен доказ, ги побива тврдењата на 10-темина притворени дека во Собранието таа вечер влегле од љубопитност, дека не го допреле Села, туку напротив, во прес-салата кај што се случи обидот за убиство, им помагале на Села и на останатите пратеници и новинари.
На снимката ги нема обвинетите Кире Ѓорѓиевски и неговиот татко Цејо.
Во обидот за убиство на Зијадин Села обвинети се: Оливер Ошавковски, Александар Јаневски – Тошта, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески – Кобра, Кире Ѓоргиевски и Цејо Ѓоргиевски.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија
ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“
Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации




