ИМА ПОВРЕДЕНИ: Плинска боца предизвика трагедија во Драчево
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2016
Експлозија на плинска боца денеска околу 15часот предизвика трагедија и опожари две куќи . Има неколку повредени лица кои се здобиле со изгореници и во моментов се наоѓаат на ургентен центар и во градската болница Св. Наум Охридски.
Незгодата се случила на улица „Китка“ кога семејствата на тројца браќа Амети биле собрани на ручек при што при поставување на грејно тело со плинска боца во куќа во доградба се случиле две последователни експлозии.
Експлозијата повреди 8 лица кои имаат тешки изгореници. Пет лица се во тешка состојба а еден од поврдените има 70 проценти изгореници по телото.
Пожарот е спречен кон соседите и во моментов е под контрола, но поради испарување на отровни материи и истекување на гас истрагата на надлежните е прекината и ќе продолжи утре.
Официјална информација за пожарот е дека експлозијата се случила додека се монтирало грејно тело со плински боци.