ИМА ЗАРАЗЕНИ ДЕЦА: Норовирус се шири во Кина
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Ноември, 2020
Во Кина по коронавирусот сега се шири норовирусот.
Во покраината Сичуан се шири норовирусот, со кој се заразени повеќе од 50 деца, јави агенцијата Анадолија. Децата имале симптоми со повраќање. Станува збор за многу заразен вирус кој предизвикува повраќање и дијареа. Од него може да се заразат луѓе на сите возрасти. Луѓето заразени со норовирусот можат да исфрлат милијарда честички на вирусот, а само неколку честички можат да ги заразат другите.
Со норовирусот се заразуваат 685 милиони луѓе низ светот на годишно ниво и сè повеќе се појавува како проблем на јавното здравство во Кина. Засега нема вакцина за овој вирус.
Коронавирусот се појави во Вухан во Кина, но сега Кинезите тврдат дека овој опасен вирус се појавил прво во Европа. Околу ова тврдење сепак има скепса. Со корона се заразени 61.4 милиони луѓе во светот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.