ИМААТ НОВ ТОВАРЕН ДРОН: Русите го нарекоа ТРАМП

Објавено во: Свет 14 Јануари, 2025
Русите имаат нов товарен дрон – ТРАМП. Називот се совпаѓа со името на новиот американски претседател Доналд Трамп.
Вооружените сили на Рур воведуваат ново беспилотно летало (UAV) именувано како TraMP (Transport Aviation Multipurpose Platform).
Товарниот дрон е направен да обезбедува транспортна и логистичка поддршка за воените операции на првите линии. Дронот сега е на копнено тестирање, а првите оперативни тестирања и тестови за летање ќе бидат направени напролет.
Клучните компоненти како што се крилата, моторите или опремата за слетување можат да се заменат на лице место. Брзината на дронот е 195 километри на час, а максималната висина на летот е 3.000 метри.
Агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на извор од воено-индустрискиот комплекс, известува дека уредот може да носи товар до 250 килограми на растојание од 600 километри. Дронот има товарен простор со волумен од 2650 литри, што овозможува не само транспорт, туку и спуштање на товар со падобран до одредена точка. Русија три години војува во Украина.
Можеби ќе ве интересира
ТРАМП РАЗГОВАРАЛ СО ПУТИН: Преговорите за крај на војната во Украина почнуваат веднаш

СЕ ОГЛАСИ РУСИЈА ПО ПРЕДЛОГОТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Дали ќе прифатат размена на територии?

ПРОДОЛЖЕНИ КОНТРОЛИТЕ НА ГЕРМАНСКА ГРАНИЦА: „Ја туркаме нерегуларната миграција“

„ЌЕ ГИ ЗАМОЛИМЕ САД ДА НЕ ОСЛОБОДАТ ОД НАЈАВЕНИТЕ ЦАРИНИ“: Австралија и Јапонија бараат изземање од одлуките на Трамп

НА ДАНСКА Ѝ СЕ ПОТРЕБНИ СОНЦЕ, ПАЛМИ РОЛЕРКИ - ПОТПИШУВААТ ПЕТИЦИЈА ДА ЈА КУПАТ КАЛИФОРНИЈА: Данците му се спротивставија на Трамп со иста мерка
НА ДАНСКА И СЕ ПОТРЕБНИ СОНЦЕ, ПАЛМИ И РОЛЕРИ: Петиција за остварување на сонот, Данска да ја купи Калифорнија

ФИЦО: Информацијата дека Трамп сака да ја укине УСАИД е сериозна за Словачка

ТРАМП ИМ ДАДЕ РОК НА ХАМАС: Да ги ослободат заложниците, инаку ќе биде лошо

ЖИТЕЛИТЕ НА ИЗМИР СЕ ЗАГРИЖЕНИ: Морето се повлече повеќе од 200 метри поради земјотресите на Санторини
