(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Авионите фрлаат розев прав - за каква супстанца се работи?
Објавено во: Свет 14 Јануари, 2025
Снимката од авионите што фрлаат светло розев и црвен прав во предградијата на Лос Анџелес каде има пожари стана вирална.
Оваа супстанца е позната како средство за забавување на пожарите.
Розовата пудра е всушност производ наречен „Phos-Chek“, кој се користи во калифорнискиот сектор за шумарство и заштита од пожари од 1963 година. Неговиот состав вклучува 80 отсто вода, 14 отсто сол од типот на ѓубриво и 6 отсто инхибитор на боја и корозија.
Супстанцата се прска врз вегетација и почва подложна на оган, создавајќи бариера која го забавува пожарот, пишува Би-Би-Си.
Правот го забавува ширењето на огнот на три начини: со ладење, со намалување на кислородот околу пламенот и со забавување на согорувањето благодарение на неорганските соли кои го менуваат начинот на согорување на горивото.
Сепак, употребата на овој агенс е контроверзна поради неговите можни негативни влијанија врз природата. Се тврдеше дека хемикалијата убива риби и има ограничена ефикасност. Организацијата Forest Service Employees for Environmental Ethics ја тужеше Шумската служба на САД во 2022 година, обвинувајќи ја дека го прекршила Законот за чиста вода со фрлање прашина од авиони во шуми и водни патишта.
Разорните шумски пожари во пошироката област на Лос Анџелес би можеле да бидат една од најскапите природни катастрофи во историјата на САД. Досега загинаа најмалку 24 луѓе.
As crews battle devastating wildfires in southern California, vivid images have emerged of air tankers dropping bright red and pink powder on Los Angeles suburbs.#Report #ReportAz #ReportNewsAz #Azerbaijan #California #LosAngeles #Wildfires #Pinkpowder pic.twitter.com/uzXxgKtW8d