ПРОНАЈДЕН Е МРТОВ ВО МОСКВА: Убиен е руски спортист и контраразузнавач
Објавено во: Свет 14 Јануари, 2025
Руски спортист и контраразузнавач Владимир Фешенко е пронајден мртов во центарот на Москва.
Тој е најден мртов во една од зградите на Министерството за одбрана на улицата Олховска во центарот на градот, јавува познатиот Телеграм каналот „База“.
Во главата бил погоден со куршум. Тој беше познат руски шампион во кревање тегови, а имаше 26 години.
Руската државна новинска агенција РИА Новости објави дека Фешенко бил контраразузнавач на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).