16 Февруари, 2025
0.0259

РУСКИ ПРАТЕНИК: Трамп би можел да се согласи на поделба на Гренланд на неколку делови

Објавено во: Свет 14 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Рускиот пратеник Андреј Гуруљов изјави дека допрва ќе има тензии околу Гренланд. 

Пратеникот на руската Дума вели дека Русија треба да му обрне повеќе внимание на најголемиот остров во светот, Гренланд, откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп кажа дека ќе го припои островот кон САД и дека не ја исклучува воената анексија.

„Зошто да не донесеме средства и еднаш засекогаш да ја затвориме оваа тема. Во најлош случај, Трамп би можел да се согласи на поделба на Гренланд на неколку делови… Јасно е дека Данска веќе нема да игра никаква улога таму“, изјави Гуруљов, кој е член на владејачката партија Единствена Русија и генерал-полковник во резерва.

Гуруљов во гостувањето спомна и дека треба да се промени статусот на архипелагот Свалбард, кој е демилитиразирана зона, иако формално ѝ припаѓа на Норвешка со договор од 1920 година.

Гренланд e најголемиот остров во светот. Брои 57.000 жители и бил данска колонија до 1953 година, кога добил автономијa. Копенхаген неколку пати повтори дека островот не е на продажба, a данската премиерка рече дека „Гренланд е на Гренланѓаните“.

Островот е важен за САД поради стратешката позиција од која лесно се надгледуваат руските и кинески бродови во северната хемисфера, но исто така островот е богат со руда и природни богатства. Премиерот на Гренланд Муте Егеде најави дека е подготвен поблиску да соработува со САД во рударството:

Островот на референдум изгласа посебен закон за самоуправа во 2008 година кој дава повеќе ингеренции во внатрешната управа и го направи официјален Ескимо-алеутскиот јазик.

Трамп спомена дека сака да го припои Гренланд, но не ја исклучи можност за економски притисок или употреба на сила. 

Можеби ќе ве интересира

„ЕВРОПА МОРА ДА ИМА СВОЈ ВОЕН БЛОК“: Зеленски удри по Трамп, бесен поради преговорите за ставање крај на војната во Украина

„ЕВРОПА МОРА ДА ИМА СВОЈ ВОЕН БЛОК“: Зеленски удри по Трамп, бесен поради преговорите за ставање крај на војната во Украина

МАЈКА И ЌЕРКА (2) ПРВИ ЖРТВИ НА НАПАДОТ ВО МИНХЕН - Авганистанец возеше низ луѓе со автомобилот, пукале за да го запрат

МАЈКА И ЌЕРКА (2) ПРВИ ЖРТВИ НА НАПАДОТ ВО МИНХЕН - Авганистанец возеше низ луѓе со автомобилот, пукале за да го запрат

ОРБАН СО НОВА ШОКАНТНА ИЗЈАВА - Украина може да стане „Авганистан“ на Европа

ОРБАН СО НОВА ШОКАНТНА ИЗЈАВА - Украина може да стане „Авганистан“ на Европа

ЗЕЛЕНСКИ ОДБИ ДА ЈА ПОТПИШЕ ПОНУДАТА НА ТРАМП?! Хаос околу украинското богатство, преговорите продолжуваат!

ЗЕЛЕНСКИ ОДБИ ДА ЈА ПОТПИШЕ ПОНУДАТА НА ТРАМП?! Хаос околу украинското богатство, преговорите продолжуваат!

„НА ЕВРОПА ИТНО Ѝ Е ПОТРЕБЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА“: Туск се огласи, дали ова е удар за Америка?

„НА ЕВРОПА ИТНО Ѝ Е ПОТРЕБЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА“: Туск се огласи, дали ова е удар за Америка?

ХАМАС ОСЛОБОДИ ТРОЈЦА ИЗРАЕЛЦИ! Еден од заложниците бил принуден да држи предмет во рака што вознемири многумина во Тел Авив! (ВИДЕО)

ХАМАС ОСЛОБОДИ ТРОЈЦА ИЗРАЕЛЦИ! Еден од заложниците бил принуден да држи предмет во рака што вознемири многумина во Тел Авив! (ВИДЕО)

КАКОВ ПЛАН ИМА ТРАМП ЗА УКРАИНА?! Подготвува нова поделба на светот со Путин, еве што сака за возврат

КАКОВ ПЛАН ИМА ТРАМП ЗА УКРАИНА?! Подготвува нова поделба на светот со Путин, еве што сака за возврат

ЏЕЈ-ДИ ВЕНС ШОКИРАШЕ СО ГОВОРОТ ВО МИНХЕН: Ја нападна Европа поради слободата на говорот и миграцијата

ЏЕЈ-ДИ ВЕНС ШОКИРАШЕ СО ГОВОРОТ ВО МИНХЕН: Ја нападна Европа поради слободата на говорот и миграцијата

„БРЗ ДОГОВОР И МИР СО ПУТИН НЕ СЕ МОЖНИ!“: Министерката за надворешни на Финска предупредува - Европа ја очекува нестабилна иднина

„БРЗ ДОГОВОР И МИР СО ПУТИН НЕ СЕ МОЖНИ!“: Министерката за надворешни на Финска предупредува - Европа ја очекува нестабилна иднина