30 Јуни, 2024
0.0262

ИМААТ ПРЕКРАСНИ ПЛАЖИ, НЕ БРЗААТ, АМА И НИКОГАШ НЕ ДОЦНАТ: Студент од Скопје раскажува како е да се волонтира на Аруба

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Давид Стоилковски од Скопје, 22 годишен студент на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ имал можност како волонтер да замине на островот Аруба, место каде мнозинството Македонци не стапнале и многу малку знаат за него.

Овој млад човек има пофални зборови за Аруба и постојат повеќе работи кои му се допаднале таму. На Аруба престојувал два месеци. Ова е искуство кое ќе го памети цел живот.

„Да заминам за Аруба се случи сосема неочекувано, повикот за ЕСК проектот го видов случајно на социјалните медиуми на Волонтерскиот Центар Скопје, а желбата да „избегам“ некаде на страна од секојдневните обврски овде беше голема, па така се одлучив да се пријавам на повикот и да го прифатам „предизвикот“ за заминување. Мојот престој во Аруба беше точно 59 дена, односно во времетраeње на еден кратокорочен проект преку ЕСК програмата на Еразмус+. Во текот на мојот престој таму, волонтирав во една невладина организација како логистичко административен асистент, каде што имав различни задачи во текот на мојот престој, од кои главната цел ми беше организација и имплементација на Тренинг Курс, кој што го спроведуваше истата организација. Настрана од имплементацијата на курсот, волонтерските часови ги поминував во канцеларија, каде што средував различни документации, пишував нови проекти, учев нови работи и снимавме тиктокови со тимот за социјални медиуми. По завршување на часовите во канцеларија, моето слободно време, би рекол и повеќе од очигледно, дека го поминував на плажа гледајќи во зајдисонцето и уживајќи на златниот песок. За тие што сè уште не слушнале за Аруба, тоа е мал остров којшто е конститутивна земја во рамките на Кралството Холандија, лоцирана во долниот дел од Карибските острови. Самиот остров изобилува со едни од најубавите плажи на светот и кристално чиста вода, со што туризмот во Аруба е на многу високо ниво“, вели Стоилковски.

Му се допаѓа тоа што на островот, во текот на целата година временските услови се како во лето.  Додава дека начинот на живот е многу спор, никој не е во брзање за да стигне на работа или на следниот состанок, а никогаш не доцнат.

„Едноставно, како што гласи нивната парола „One Happy Island", позитивната енергија изболува на сите краишта и секогаш локалното население ќе ве пречека насмеано и со топло добредојде. Сепак, треба да сме свесни дека поради локацијата на самиот остров воздухот е многу влажен и доаѓајќи од Македонија, ми требаше време да се навикнам на тој воздух таму. Што се однесува до нивните градови, големи метрополи не постојат, и имав можност да уживам во нивните градови каде што би рекол дека не ни постојат големи гужви во нитуеден дел од денот“, раскажува Стоилковски.

Вели дека мнозинството жители на Аруба не слушнале за Македонија, но сретнал и луѓе кои ја посетиле земјава, што пријатно го изненадило.

„Самата голема оддалеченост од Македонија, прави локалното население дури и никогаш да не слушнало за нас, но во неколку наврати, имав ситуација каде што луѓето имаа слушнато за Македонија, па дури и ја посетиле нашата држава, и ми беше задоволство да дознаам за тоа како всушност дознале за неа. Но, и покрај големата оддалеченост, во многу наврати увидов големи сличности помеѓу двете држави. Искуството во Аруба беше една прекрасна можност која што ја имав благодарение на ВЦС и програмата Еразмус+. Настрана од преголемото волонтерско искуство кое што го стекнав таму, а сигурно дека ќе го употребам во иднина, успеав да научам и многу повеќе околу неколуте јазици кои што се зборуваат во Аруба, да запознаам прекрасни луѓе и едноставно кажано да станам подобра верзија од себеси. Се надевам дека ова искуство ќе ми отвори многу нови можности на професионално ниво, а сигурен сум дека нема никогаш да го заборавам времето поминато таму“, додава Стоилковски.

Објаснува дека животниот стандард во Аруба е на многу високо ниво, со оглед на тоа дека островот е еден од поубавите на Карибите, туристичката посетеност е голема,  а меѓу најбројните гости се Американците и Холанѓаните, па поради таа причина и летувањето во Аруба е со малку „солена“ цена.

„Локалното население најчесто работи во полето на угостителство или со многубројните морски и приморски атракции, и покрај високиот животен стандард, платата што се добива во Аруба придонесува за пристоен живот на островот“, рече Стоилковски.

Многу млади луѓе од земјава преку различни волонтерски програми имаат можност да прошетаат, да волонтираат во странство, да запознаат туѓи култури, да стекнат нови пријатели, да ги шират своите видици. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Загина планинар: Паднал во провалија, со хеликоптер на ЦУК бил пренесен во болница

Загина планинар: Паднал во провалија, со хеликоптер на ЦУК бил пренесен во болница

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот