23 Април, 2024
0.0282

ИМУНИКС - Природно и здраво до силен имунитет

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Што претставува имунолошкиот систем

Веројатно многу пати сте се нашле во ситуација кога не сте се чувствувале добро, па вашиот лекар ви препорачал да го зајакнете имунитетот. Човечкото тело има внатрешен механизам со кој се штити. Овој механизам е токму имунолошкиот систем кој е од суштинско значење за човекот. Без имуно систем, нашите тела би биле незаштитени и на удар на бактериите, вирусите, паразитите. Токму затоа се вели дека имунитетот е еден од основните предуслови за здрав организам и нашиот „браник“ во морето патогени кои предизвикуваат инфекции.

Симптоми на намален имунитет

Вообичаено имунолошкиот систем е многу ефективен во одбраната на телото, но понекогаш може да затаи. Некои симптоми јасно ќе ви дадат до знаење дека нешто не е во ред со вашиот имунитет. Доколку чуствувате хроничен замор и исцрпеност, а притоа не правите ништо повеќе од редовните дневни активности, можно е да станува збор за намален имунитет. Исто така, ако често ве напаѓаат вируси и бактерии, тоа е знак дека вашето тело не се бори доволно добро со болестите и дека треба да „поработите“ на имунитетот. Во голем број од случаите и алергиските реакции можат да бидат намалени па дури и целосно излечени со јакнење на имунитетот. Ова се само некои од симптомите на намален имунитет, но не и единствените. Постојат многу причинители и низа различни начини на кои се манифестира овој проблем.

Причини за пад на имунитетот

Причини кои доведуваат до пад на имунитетот може да бидат многубројни и разновидни. Ќе спомнеме дел од нив: долготрајни, хронични заболувања, чести инфекции, долготрајна употреба на антибиотици, стрес, хроничен замор, исцрпеност, недоволна физичка активност, премногу интелектуална и физичка работа, загаден воздух, изложување на долготраен студ. Лошите животни навики како пушењето, неправилната исхрана, долготрајни диети, недоволно спиење, нередовно одмарање, лошо расположение, лоша хигиена се исто така ризик фактори кои доведуваат до ослабнување на имунитетот.

ИМУНИКС – сé што ви е потребно за силен имунитет

Најнапред, отсранете ги причините кои доведуваат до пад на имунитетот. Направете промена на животните навики: здрава храна, доволно сон, редовно одмарање, секојдневни физички активности, помалку стрес, одржување на личната хигиена и одржување на хигиена на просторот. Притоа и додатоците во исхрана можат да бидат исклучително корисни за подобрување на вашиот имунолошки систем.

Ако сте во потрага по соодветниот со кој ќе го зајакнете имунитетот, побарајте го во аптеките ИМУНИКС на Бионика Фармацеутикалс.

ИМУНИКС е 100 % природен додаток во исхраната кој во својот состав содржи спирулина, пивски квасец (Б1, Б2, Б6, биотин, ниацин, Б12) и селен. Претставува природен извор на нутритиенти за секој ден, особено потребни за модерниот стил на живот. Едно пакување ИМУНИКС содржи 30 желатински капсули кои се многу попријатни за консумирање за разлика од таблетите спирулина или пивски квасец, заради тоа што кај желатинските капсули изостанува непријатниот мирис на спирулината и пивскиот квасец. Употребата на Имуникс помага при: зголемена телесна активност, состојби на неадекватна, нередовна и еднолична исхрана, за подобрување на растот и зголемување на апетитот. Можат да се користат и при дефицит настанат заради различни болести или  патолошки состојби кога се зголемени потребите за витамини и минерали, односно при повраќање, проливи,силно потење.

ИМУНИКС нема ограничување во однос на должината на периодот на користење, а негова континуирана употреба во текот на годината овозможува силен имунитет и отсуство на посериозни настинки во зимските месеци.

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!