ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП Е НАЈСКАПАТА ВО ИСТОРИЈАТА! Ги сруши сите рекорди, а овие три гиганти дадоа повеќе од милион долари
Објавено во: Финансии 21 Јануари, 2025 06:30
Доналд Трамп се врати во Белата куќа, откако официјално стана 47-ми претседател на САД.
Кој ја финансира прославата?
Инаугуративниот комитет на Трамп собра повеќе од 170 милиони долари, надминувајќи ги рекордите поставени од претходните претседатели. Меѓу најголемите донатори се технолошките компании како Google и Tesla, како и фармацевтскиот гигант Pfizer. Вкупно, најголемите донатори дадоа по повеќе од милион долари.
Маск потроши 250 милиони долари за да му помогне
Трамп ја има поддршката и од најбогатиот човек на светот, Илон Маск, кој потроши повеќе од 250 милиони долари за да му помогне да биде избран. На инаугурацијата беа и други милијардери технолошки лидери кои ја сакаат наклонетоста на новата администрација, како Џеф Безос од Амазон, Марк Цукерберг од Мета, Сундар Пичаи од Alphabet и Тим Кук од Apple.
Климатска политика
Укинување на климатските мерки на Бајден – Трамп најавува укинување на клучните климатски политики на администрацијата на Бајден, вклучително и поттикнување зелена енергија и регулирање на загадувањето. Планира да го зголеми производството на фосилни горива, да ги елиминира проектите на ветерните паркови и да ги намали субвенциите за електрични возила.
Повлекување од Парискиот климатски договор – Како и за време на неговиот прв мандат, Трамп планира повторно да ги повлече САД од овој договор, кој Бајден го обнови во 2021 година.
застапувањето на Доналд Трамп
– продолжување на даночните олеснувања за физички лица и бизниси воведени во 2017 година
– дополнително намалување на даноците на претпријатијата од 21 отсто на 20 отсто и на 15 отсто за компаниите што произведуваат во САД
– стимулирање на производството на традиционални извори на енергија со цел намалување на цените
– елиминирање на даноците за бакшиш, прекувремена работа, социјални бенефиции
– дерегулација што значи олеснување на компаниите, банките, зголемување на активностите за спојување и здружување итн. универзални тарифи од 10%, 60% тарифи насочени кон Кина
– Смета дека е неправедно да се простуваат студентски кредити на оние кои веќе ги вратиле, а тоа би паднало на рамениците на даночните обврзници.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





