27 Јули, 2024
0.0391

Индексот на невидливо оптоварување воспоставен од Samsung го открива скриениот товар од секојдневните домашни обврски на Европејците

Објавено во: Мои пари 12 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Новото истражување спроведено од Samsung Electronics открива дека Европејците трошат 86% повеќе време размислувајќи за справување со домашните обврски отколку што навистина ги извршуваат[1]. Овој пат, физичкиот немир и менталната преокупација пред да започне извршувањето на која било обврска се манифестира како „невидливо оптоварување“ и влијае на тоа како луѓето го поминуваат своето драгоцено време во домот.

Студијата, во која учествуваа над 6.000 испитаници[2]  ширум Европа, открива дека просечниот човек е одговорен за најмалку седум обврски во својот дом за чие извршување се потребни и повеќе од 30 часа неделно. Тоа е речиси еднакво на 8 часа полно работно време[3] и ова има негативен ефект врз европските домаќинства кај повеќе од половина од испитаниците (51%), кои признаваат дека чувствуваат стрес барем половина од времето, а двајца од пет (41%) редовно се борат да се фокусираат на секојдневните обврски. Заради зголемените трошоци за живот, повеќе од половина (54%) од испитаниците потврдуваат дека цената на електричната енергија влијаела на домашните обврски, а со тоа нивното извршување станува постресно и потешко.

Истражувањето ги идентификува првите 15 домашни обврски кои се извршуваат на редовна основа, вклучувајќи генерално чистење, купување намирници и управување со сметките за комуналии. Секоја обврска е рангирана по интензитет - врз основа на емоционалните и физичките барања што Европејците ги припишуваат на нејзиното извршување. Истражувањето откри дека и покрај зголемената достапност на напредната технологија за паметни домови и платформи, како што е SmartThings за поврзано живеење, Европејците трошат речиси исто толку време - а во некои случаи и повеќе - ментално подготвувајќи се за редовните домашни обврски, во споредба со времето што го поминуваат извршувајќи ги. Примерите вклучуваат:

·  Европејците трошат 92% повеќе време размислувајќи за приготвување оброци отколку за готвење на самиот оброк.

·  Европејците трошат 91% повеќе време размислувајќи за безбедноста на домот отколку за преземање активности за да ги спречат заканите во домаќинството.

·  Европејците трошат 88% повеќе време размислувајќи за отстранување или рециклирање на ѓубрето отколку за извршување на самата задача.

За подобра рамнотежата во европските домаќинства, Samsung го воспостави Индексот на невидливо оптоварување развиен во партнерство со најпродаваниот автор и експерт за среќа Мо Годет (Mo Gawdat). Со користење на прва формула од ваков вид (невидливо оптоварување = интензитет x време x фреквенција), секој може да го пресмета сопственото невидливо оптоварување со испитување на физичкото оптоварување од домашните обврски за кои тоа лице е одговорно, како и менталниот товар поврзан со истите.

Со оглед на тоа што 90% од испитаниците веруваат дека нивното домаќинство може да биде поефикасно и речиси половина (48%) сметаат дека потенцијалот на технологијата може да го олесни товарот од домашните обврски, Индексот на невидливото оптоварување, исто така, им нуди на корисниците едноставни SmartThings решенија за да им помогне да живеат поефикасно и да заштедат време за работите кои им се најважни.

На пример, за полесно управување и плаќање на комуналиите, SmartThings Energy[1] овозможува на прв поглед да ја следите потрошувачката на енергија на вашите апарати за домаќинство, па дури и да ги следите непаметните уреди преку Smart Plugs[2]. За да заштедите повеќе, можете да ја активирате функцијата AI Energy Mode[3] и да управувате со потрошувачката на енергија под претходно поставената цел. За да го намалите товарот при перење алишта, платформата SmartThings ви овозможува да го започнете перењето од далечина и ве известува кога циклусот ќе заврши, па каде и да сте, вие можете да го започнете циклусот и да знаете дека ќе биде завршен кога ќе се вратите дома. 

Мо Годет (Mo Gawdat) изјави: „Чест ми е што соработувам со Samsung на Индексот на невидливо оптоварување и помагам Европа да го открие скриениот товар од секојдневните домашни обврски со овој индикативен систем на бодување. Начинот на кој го поминуваме времето во домот е основен аспект на нашата целокупна благосостојба, па затоа е важно да ги имплементираме здравите навики во нашата секојдневна рутина за да управуваме со нашите домашни обврски со леснотија. Со помош на платформата SmartThings може да се автоматизираат одредени домашни обврски и значително да се подобри квалитетот на нашето слободно време во домот“.

„Во Samsung, ние секогаш бараме начини да им помогнеме на луѓето да заштедат време и да го намалат обемот на работа. Платформата SmartThings ја отвора вратата за поедноставен, попаметен и поповрзан свет. Над 30 партнерски брендови моментално поддржуваат повеќе од 3,200 поврзани уреди. Платформата ви заштедува време за да се поврзете со работите кои ви се најважни со тоа што ви дава целосна контрола над вашиот дом и уште поважно, вашите обврски. Преку Индексот на невидливо оптоварување, сакавме да поттикнеме разговор за оптоварувањето од домашните обврски низ Европа. Охрабрувајќи ги луѓето да станат посвесни за своето невидливо оптоварување, се надеваме дека ќе им помогнеме да водат поурамнотежен живот“, додаде Нејтан Шефилд (Nathan Sheffield), директор на IOT и SmartThings за Samsung Europe.

За повеќе информации за платформата SmartThings, посететеwww.samsung.com

Белешка за уредникот

Истражувањето беше спроведено од FleishmanHillard TRUE Global Intelligence во партнерство со Focaldata во октомври 2023 година на примерок од 6.066 европски корисници од ОК, Франција, Германија, Шпанија, Италија и Полска.

Ова се главните 15 домашни обврски во Европа рангирани според оценките дадени за соодветниот интензитет (проценети во текот на истражувањето):

·  миење садови / полнење на машината за миење садови – 3.0

·  чистење на домот – 2.8

·  средување на домот – 2.7

·  пеглање – 2,5

·  перење – 2,4

·  управување и плаќање комуналии – 2.2

·  отстранување / рециклирање ѓубре - 2.1

·  координација на распореди и активности – 2.0

·  обезбедување на домот – 1.8

·  набавка на намирници – 1.7

·  готвење - 1,5

·  градинарство – 1.4

·  примање гости / забава - 1,2

·  нега на домашни миленици – 1.1

·  вежбање - 1

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, лиените и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com

За Мо Годет (Mo Gawdat)

Мо Годет е поранешен деловен директор на Google [X], автор на популарниот подкаст Slo Mo: A Podcast with Mo Gawdat, автор на меѓународните бестселери: Solve for Happy, Scary Smart и That Little Voice in Your Head, основач на One Billion Happyи директор за вештачка интелигенција во компанијата Flight Story.

По 30-годишна кариера во технолошкиот сектор и позицијата деловен директор на Google [X], „револуционерната фабрика“ за иновации на Google, Мо ја избра среќата како главна тема за истражување, пишување книги и разговори со некои од најмудрите луѓе на светот.

Мотивиран од трагичната загуба на својот син Али во 2014 година, Мо ги претстави своите сознанија во меѓународниот бестселер Solve for Happy: Engineer Your Path to Joy. Неговата мисија да им помогне на милијарди луѓе да станат посреќни, #OneBillionHappy, е пионерски напор да му оддаде почит на Али преку ширење на пораката дека среќата може да се научи и да се пренесе на милијарди луѓе.



[1] Врз основа на просечното време што европските испитаници велат дека го поминуваат размислувајќи/подготвувајќи се за сите домашни обврски во кои се вклучени (27 часа), пресметано како процент од истото време што истата група го поминува за завршување на овие обврски (31 час).

[2] Истражување спроведено во октомври 2023 година од FleishmanHillard TRUE Global Intelligence во партнерство со Focaldata, со вклучени 6.066 европски потрошувачи од Обединетото Кралство, Франција, Германија, Шпанија, Италија и Полска..

[3] Врз основа на просечното полно работно време за лица на возраст од 20-64 години, кое во Европа било 37,5 часа во 2022 година, според Евростат, официјалната канцеларија за статистика на ЕУ.

[1Достапноста на SmartThings Energy може да варира во зависност од земјата, регионот или уредот. Достапно на уреди со Android и iOS (Android OS 9↑, iOS 14↑). Потребна е поврзаност со Wi-Fi и сметка на Samsung. Сите уреди треба да бидат регистрирани во апликацијата SmartThings за следење на енергијата

[2] Потребни се компатибилен паметен приклучок и Smart Home Hub. Паметниот приклучок треба да се регистрира во апликацијата SmartThings. Следењето на потрошувачката на енергија со паметен приклучок е достапно на картичката „Smart Plug“ на производот под ставката „Device“ во апликацијата SmartThings..

[3] Функцијата AI Energy Mode може да се разликува во зависност од земјата, регионот или уредот. Таа може автоматски да ги префрли сите ваши компатибилни паметни апарати за домаќинство во режим на заштеда на енергија или ако вашата проценета месечна сметка за електрична енергија ја надмине поставената цел. (на пр. Фрижидер: оптимизирање на брзината и работата на компресорот и прилагодување на поставената температура на замрзнувачот.) Потрошувачката на енергија и проценетите трошоци прикажани во услугата SmartThings Energy може да се разликуваат од реалната потрошувачка и трошоци.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје