ИНДИЈА: Резервоарот за кислород протекувал при полнење, починаа 22 луѓе
Објавено во: Свет, Корона Вирус 21 Април, 2021
Во Индија 22 пациенти починаа поради недостиг на медицински кислород, изјави владин советник.
Ова се случило во индиската држава Махараштра.
„Резервоарот за кислород протекуваше при полнење, што резултираше со смрт на 22 пациенти во ковид болницата“, рече Сураџ Мандари, службеник во областа Нашик во Махараштра.
Индија веќе неколку дена урива рекорди во бројот на заразени со вирусот Ковид-19, а вкупниот број регистрирани случаи надмина 15 милиони. Градот Њу Делхи е затворен на неколку дена.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.