Индијците прават медицински кислород дома, но тоа е опасно
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Мај, 2021
Очајните Индијци прават медицински кислород во домашни услови, a експертите велат дека тоа се погубни методи.
Лекарите и научниците предупредуваат за смртоносната опасност во обидите за производство на медицински кислород дома. Тарун Батнагар, научник од ICMR-Националниот институт за епидемиологија во градот Ченај, објасни дека обидите за „домашен“ кислород се базираат на недокажани методи и истакна дека ваквиот пристап може да биде штетен затоа што може да доведе до одложувања во барањето на соодветна здравствена заштита. Претходно, на социјалните мрежи се појавија разни видеа и совети за тоа. Податоците од „Гугл трендс“ покажуваат дека пребарувањата со фразата „како да се направи кислород дома“ достигнале врв на 25 април, кога се влоши кризата со вирусот. Во болниците нема доволно кислородот, а нема ниту слободни места.
Foto: EPA-EFE/PIYAL ADHIKARY
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.