17 Декември, 2025
0.0429

Индустријата и платите пораснаа во јуни и јули, економијата се придвижува – реалност или сон?!

Објавено во: Економија 28 Август, 2013 08:32

Добивај вести на Viber

Во првите седум месеци годинава, индустријата пораснала за 2,2 % во однос на истиот период од минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Само во јули годинава, споредено со јули минатата година индустриското производство пораснало за 3,9%. Според податоците, главен двигател е преработувачката индустрија каде е забележан раст од 7,3%, а додека кај рударство и вадење камен растот е 3,3%. Пад од 15,5% има кај снабдување со електрична енергија, гас и пареа.

Растот на индустриското производство е позитивен сигнал, сметаат бизнисмените, но сепак доколку трендот продолжи со исто темпо тогаш позитивните ефекти може да се очекуваат дури на почетокот на следната година.

Според Горан Рафајловски од Стопанската комора на Град Скопје, секој раст на индустриското е добар сигнал. Добро е што ЕУ покажува заздравување на економиите, бидејќи тоа ќе донесе позитивни резултати и за нашето стопанство, но сепак тоа нема да се случи до крајот на годинава туку на почетокот на следната година.

„Нема ништо подобро од тоа да има раст на индустриското производство. Сепак, малку се зачудувачки показателите според кои има раст кај преработувачката индустрија од 7,3%, а во истовреме има пад во снабдувањето со електрична енергија, гас и пареа. Во секој случај секој раст е добредојден, вели Рафајловски за Фактор.

Од Сојузот на стопански комори, за Фактор велат дека тие се оптимисти за вториот квартал од годинава што изминува. Оттаму велат оти очекуваат дека годинава ќе заврши со раст на БДП меѓу 2% и 3%, доколку растот на индустриското продолжи со исто темпо.

„Како што веќе очекувавме и изјавивме ние во Сојузот на стопански комори, оптимисти сме за вториот квартал од годината и очигледно излеговме од рецсијата. Најдобар показател за тоа е растот на индустриското производство. До крајот на годината очекуваме и БДП да порасне меѓу два и три проценти. Ако продолжи вака нашиот оптимизам ќе биде оправдан, изјави за Фактор Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.

Според Чекреџи, друг индикатор е дека после долого време и Европската економија покажува позитивни резултати и тоа секако ќе има влијание врз македонското стопанство.

„Оние компании кои имале конзервативен став, сега се очекува да ги зафати оптимизам и да ги засилат инвестициите. Дополнително и банкарскиот сектор се очекува да ја олабави политиката на кредитирање со што ќе се ослободат повеќе пари за стопанството. Со тоа ќе се направи една синергија од повеќе фактори“, смета Чекреџи.

Пред три недели и НБРМ, во кварталниот извештај излезе со оптимистички прогнози за економијата.

„Бруто домашниот производ во првото тримесечје оствари раст од 2,9 проценти, а остварувањата за вториот квартал упатуваат на задржување на економијата во зоната на солиден годишен раст согласно проектираното, стои во кварталниот извештај што денеска го разгледа Советот на Народна банка на Република Македонија. Во периодот од априлските проекции досега, клучните макроекономски параметри во домашната економија главно се движеа во согласност со очекувањата. Остварениот раст е малку посилен од очекуваниот во априлската проекција, одразувајќи ги подобрите остварувања кај инвестициската побарувачка и посилниот позитивен придонес на нето-извозот.

Во текот на вториот квартал беше остварена годишна стапка на инфлација од 3,6 проценти, што е во согласност со очекувањата. Од аспект на ризиците за инфлацијата, тие засега се оценуваат како урамнотежени, а априлските оценки како соодветни, пишува во извештајот на НБРМ.

Раст на индустријата во ЕУ

Во јуни индустриското производство во еврозоната порасна за 0,7, а во ЕУ за 0,9 отсто, покажаа податоците на Евростат. Во претходниот месец пак беше регистриран пад од 0,2 отсто вое еврозоната, односно 0,4 отсто во ЕУ. Во јуни најмногу се зголеми производство на трајни потрошувачки добра, за 4,9 отсто во еврозоната, односно за 4,2 отсто во ЕУ. Најголем пад е забележан во сегментот производство на енергија, за 1,6 отсто во еврозоната и 1,3 отсто во ЕУ.

Меѓу одделни држави членки најголем раст остварија Ирска (8,7 отсто), Романија (5,7 отсто), Полска (3,1 отсто), Германија и Грција (со по 2,5 отсто). Најголем пад беше забележан во Холандија (4,1 отсто), Португалија (2,8 отсто) и Франција (1,5 отсто.

На годишно ниво индустриското производство во еврозоната порасна за 0,3 отсто, а во Еу за 0,4 отсто, стои во податоците на Евростат. Во Македонија просечната нето-плата пораснала за 2,2% Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето-плата во јуни годинава, во однос на јуни лани, пораснала за 2.2% и изнесува 21 108 денари.

Зголемување било резултат на зголемувањето на просечната нето-плата во секторите, Транспорт и складирање и тоа за 6.8%, информации и комуникации исто така за 6.8% и градежништво каде нето платата пораснала за 6.1%.

Просечната нето плата во јуни годинава, споредно со јуни минатата година е намалена во секторите рударство и вадење на камен за 9.2%, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5.9% и објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 5.3%

Според податоците на Државниот завод за стистика, во јуни годинава 2.3% од вработените во земјава не примиле плата.

С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?