ИНФЕКТОЛОГОТ ВЕЛО МАРКОВСКИ ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА: Во четврток ќе одржи прес конференција со сите детали
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2023
Пред точно две
недели професорот Вело Марковски, еден од најпознатите македонски инфектолози
беше активен на неговата Фејсбук страница со негови ставови околу амнестијата.
Под еден од постовите имаше и ваков коментар:
-Идниот Претседател на нашата Држава Република Македонија.
Денеска, до медиумите од него стигна покана за прес конференција која треба да се одржи в четврток на 19. октомври во локалот „Прима Данца“ На овој официјален настан, д-р Вело Марковски ќе ги објави сите детали за неговото влегување во претседателската трка.
Тој ќе ја промовира и својата веб-страница velomarkovski.mk во која се содржани неговите досегашни активности и неговата програма како претседателски кандидат.
„Претседателот на државата е маргинализиран. Затоа ни е потребно народот да избере одговорен и способен претседател кој ќе биде независен од политичките партии и нивните претседатели“, наведува професорот во неговата „Визија за претседател“.
Иако, тој веќе три години е дел од највисоките органи на најголемата опозициска партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ, засега нема информации дали, професорот Марковски ќе биде поддржан од матичната партија и дали во трката за шеф на државата влегува на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.
Проф. д-р Вело Марковски е роден во мај 1960 година. Во неговата професионална биографија стои дека е вонреден пропфесор на Медицинскиот факултет „Гоце Делчев“ –Штип каде што предава инфектологија.
Инаку, тој е еден од осуммината обвинети кон крајот на декември 2020 година за незаконски археолошки истражувања и шверц на артефакти.
А. Б.
ФОТО: ФБ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.