18 Декември, 2025
0.1384

ИНФЛАЦИЈАТА Е ЦРВ ШТО НИ ГИ ЈАДЕ ЗАШТЕДИТЕ ВО БАНКА - професорот Дејан Трајковски предупредува дека парите губат вредност

Објавено во: Финансии 21 Јуни, 2021 13:44

Добивај вести на Viber

Професорот по квантна механика Дејан Трајковски, преку својот фејсбук профил укажува дека парите што нашите граѓани ги чуваат во банка практично губат на вредност, бидејќи, како што вели, стапката на инфлација е повисока од каматната стапка по која во нашите банки се чуваат штедните влогови на граѓаните.

„Едно зло никогаш не доаѓа само. Случајно или не, ама со започнувањето на корона-кризата во Македонија во првата половина 2020 година започна растот на инфлацијата, најдоброто мерило на растот на општото ниво на цените и опаѓањето на куповната моќ на парите. Од 0 отсто дојдовме до 3 отсато за само една година.

Иако проекциите на НБРМ (црвената линија на дијаграмот) предвидуваат мало намалување на инфлацијата и стабилизирање на околу 2 отсто (што дури се смета за некаква „здрава инфлација“), тоа е премногу во однос на номиналните каматни стапки на орочените депозити, па така парите наместо да добиваат - губат вредност.

При сегашните номинални каматни стапки под 1 отсто годишно (дури и на најдолгите рокови на орочување од 36 месеци!), јасно е дека реалните каматни стапки се негативни. Просто кажано, со чување орочени пари на банка не успеваме да ги спасиме од обезвреднување, односно после една година ќе можеме да купиме за 2 отсто помалку добра отколку што можеме денес.

Ако парите ги чуваме дома, губиме уште повеќе, цели 3 отсто годишно. Тоа е невидливиот црв којшто ги јаде нашите заштеди“, пишува професорот Дејан Трајковски.

Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра