11 Декември, 2025
0.0366

ИНФЛАЦИЈАТА СО НОВ РАСТ ОД 4,5 ПРОЦЕНТИ - на месечна основа има благо намалување

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2025 13:46

Добивај вести на Viber

Инфлацијата во Македонија, мерена преку индексот на трошоци на живот во октомври 2025 година во однос на истиот месец 2024 година бележи раст од 4,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

- Индексот на трошоците на животот во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи зголемување од 4,5 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,8 проценти - се посочува во објавата.

Од ДЗС инфомраат дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, изнесува - 0,2 отсто. 

- Намалувањето на инфлацијата во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи:  Транспорт за 6,1 отсто, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3 проценти, Образование и Рекреација и култура за 0,1 отсто.

Во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, Облека и обувки за 1,2 отсто, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,3 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели за 0,2 отсто и Здравје за 0,1 процент - соопштува ДЗС.

Трошоците на животот во групата Разновидни стоки и услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. 

Индексот на цените на мало во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, изнесува 98.7.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зголемен е бројот на германски туристи во Македонија, Србите сега се на трето место

Зголемен е бројот на германски туристи во Македонија, Србите сега се на трето место

Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба

Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба

Европа има сериозен проблем, ова ќе ја поткопа економијата на долг рок

Европа има сериозен проблем, ова ќе ја поткопа економијата на долг рок

ВО РЕГИОНОТ: Се плашат дека на старост ќе бидат сиромашни и вложуваат во недвижности

ВО РЕГИОНОТ: Се плашат дека на старост ќе бидат сиромашни и вложуваат во недвижности

Дали ова е најпотценетата валута во светот?

Дали ова е најпотценетата валута во светот?

Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица

Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра