05 Декември, 2025
0.1525

ИНФЛАЦИЈА: По 8 месеци – раст на цените!

Објавено во: Финансии 22 Јуни, 2015 08:30

Добивај вести на Viber

По осум месеци, или од август лани, за прв пат во април годинава Народната Банка регистрираше инфлација. Имено, по целиот овој период на дефлација, во април бил измерен раст на инфлацијата и на месечно и на годишно ниво. Така, базичната инфлација на месечно ниво се зголемила за 0,5% а ист ваков раст е регистриран и на годишна основа, што според НБМ претставува прва позитивна годишна промена. “Анализирајќи од аспект на структурата на базичната инфлација, априлскиот раст во голема мера е поттикнат од цените на тутунот и фармацевтските производи, при позначително надолно влијание од падот на потрошувачките цени на комуникациите“, се наведува во новиот јунски извештај на Народната Банка. Во новата оценка, сепак се посочува дека ризиците од натамошен ценовен пад остануваат, со оглед на  прогнозите дека се очекува пад на цените на прехранбените производи на светските пазари. “Според најновите оцени, цените на примарните прехранбени производи во 2015 година се ревидирани во надолна насока, односно сега се предвидува пад, наместо раст на цената на пченицата и побавен раст на цената на пченката, како резултат на очекувањата за добра жетва благодарение на досегашните поволни временски услови и постоењето солидни нивоа на глобални залихи“. Неодамна гувернерот Димитар Богов изјави дека засега НБМ не размислува да превземе мерки за сузбивање на дефлацијата, која освен што е голем проблем за европските економии, веќе се прелеа и во земјава. Откако и оваа година, како продолжение на 2014 та,  започна со негативна инфлација, дел од економистите алармираа дека овој тренд може да биде погубен за економијата. “Дефлацијата е штетна, би рекол дури и поштетна од инфлацијата. Доколку една економија се соочи со дефлација тоа би значело дека производството замира, трговијата забавува, а невработеноста ќе се зголемува. Европската Централна Банка и Јапонската Централна банка ги намалија основните каматни стапки се со цел да го поттикнат растот и трговијата. Овие потези покажуваат дека светските, европските економии веќе се соочуваат со опасноста од дефлација“ – изјави неодмана за “Фактор“ универзитетскиот професор и еден од поранешните гувернери на НБРМ Љубе Трпевски. Според најновите јунски прогнози, во текот на годинава се очекува натамошен пад и на цената на нафтата. “Во 2015 година и натаму се очекува цената на нафтата од типот „брент“ да оствари значителен пад. Иако тековните услови на пазарот на нафта и натаму укажуваат на поголемо производство на нафта од потрошувачката, сега се очекува проектираното намалување на цената на нафтата да биде помало во споредба со априлската проекција“, посочува аналитиката на НБМ. Дефлацијата стана проблем број еден за Европаската Унија. Откако лани беше намалена основната камата, ефектот не се постигна, па ЕЦБ посегна по пакет на мерки за да го заузда овој трен кој е закана за економсиот раст. Дефлацијата оваа година ќе погоди осум земји во светот, од кои сите се во Европа, оцени американската новинска агеницја Блумберг. Дефлацијата во изминатата година им се закани на бројни земји, а таа закана никаде не била поголема во споредба со европските држави „гладни“ за економски раст наведе агенцијата во својата оценка. Во опасност од дефлација и САД, најголемата светска економија, за која „Банката на Америка Мерил Линч“ прогнозира пад на цените од 0,5 одсто во 2015 иако бројни експерти, вклучувајќи ги економистите кои учествувале во анкетата на Блумберг, веруваат дека САД ќе се избори со дефлацијата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката