05 Декември, 2025
0.0403

Информациите за долгот се јавно достапни

Објавено во: Финансии 08 Ноември, 2013 15:03

Добивај вести на Viber

Информациите за нивото на јавниот долг се јавно достапни како и долговите на јавните претпријатија и секое евентуално задолжување за кое гарантира државата, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Според Ставрески  обврските на јавните претпријатија се третираат како долг само ако за нив гаранцијата e од државата.

- Нивото на долгот на Македонија е 34,1 процент од БДП и овој податок на месечна основа е јавно достапен на интерент страницата на Министерството за финансии. Јавните претпријатија, за патишита, акционерските друштва, АД ЕЛЕМ, МЕПСО,..., исто така имаат веб страници на кои побарувања и обврските ги презентираат во различен формат. Тие обрвски не може да се третираат како јавен долг зашто се потенцијални обврски. За дел од нив државата издава гаранција, за друг дел не. Ако таа гаранција падне, тогаш прераснуваат во долг, нагласи Ставрески.

Кредитот на Јавното претпријатие за патишта од кинеската Ексим банка за изградба на двата авотпата, според Ставревски  ќе биде дел од потенцијалните обврски тогаш кога ќе почне користењето на средствата, односно изградбата на патиштата и повлекувањето на парите од кредитот.

- Секој проект и кредит за кој гарантира државата согласно закон, се презенитра во Собранието на РМ и таа информација е достапна до јавноста, дециден беше вицепремиерот.

- Кај нас се создаваат работни места кога во други земји се губат. Нивото на невработеност е историски најниско и од тој аспект можеме да бидеме задоволни, но не и помалку амбициозни во иднина да продолжиме со политиките за намалување на невработеноста, рече Ставреаски, одговорајќи на новинарско прашање.

Квалитетот и структурата на работните места зависат, додаде, од општите услови и можностите. Во слободните економски зони и таму каде што егзистираат мултинационалните компании има работни места кои бараат и пониско и повисоко квалификувана или специјализирана работна сила.

- Извештајот на Светска банка покажува дека е зголемен степенот на образование на вработените за четири процентни поени што покажува дека се оди во вистинската насока. Тука ќе има дополнителни проекти, но во целина, сметам дека движењата на пазарот на работна сила се  позитивни и тоа го покажува Извештајот, истакна вицепремиерот.

Предизвик за во иднина е, порача, македонските претпријатија да го подобрат капацитетот за соработка со глобалните компании во слободните зони и да се интегрираат во нивните производни процеси. Тоа ќе помогне да се креираат работни места кои бараат повисоки кваификации.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката