04 Декември, 2024
0.0273

Инспекција: Затворени две приватни образовни институции за давање дипломи

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Институтот за бизнис економија во Скопје поради неисполнување на условите е затворен од инспекторите на Министерството за образование, а по претходни контроли на просветниот образовен инспекторат, клуч на врата добила и приватната високообразовна установа за мода сместена во Џепчиште, која со одлука на Влада во 2021 година добила дозвола за работа. 

Од Министерството за обраование потврдија дека ги затвориле бидејќи не ги исполнуваат условите а просветниот инспекторат е во контрола и во други вакви установи. 

„Процесот на затворање на два институти е комплетно завршен, продолжува во овој момент најверојатно во уште три, но и тоа треба да заврши и ќе добиете информација. Дозволете да ги затвориме и, како што кажав, транспарентно ќе објавиме“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Дел од универзитетите веќе се под лупа на просветниот инспекторат. Пред неколку денови министерката кажа дека инспекциските контроли утврдиле неправилности на универзитетите во Тетово, Охрид и Струга. Процесот кај дел од нив веќе бил при крај и е почната постапка за наплата на казни на рецензентски комиси, декани и ректори. 

„Кај дел од универзитетите сосема е при крај процесот, односно постапивме со наплата на казни на рецензентски комисии, декани и ректори. Имаше контрола и на Универзитетот во Штип, се  чека извештајот. Сите универзитети, без исклучок, ќе го поминат процесот. Секаде каде што ќе бидат завршени процесите  јавно и транспарентно ќе бидат објавени резултатите“, изјави Јаневска.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции за предлогот на Фискалниот совет за зголемувањето на старосната граница за пензионирање на 67 години

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции за предлогот на Фискалниот совет за зголемувањето на старосната граница за пензионирање на 67 години

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ: Ултиматуми не прифаќаме

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ: Ултиматуми не прифаќаме

ДОБИ ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Скопјанец се обидел да запали албанско знаме

ДОБИ ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Скопјанец се обидел да запали албанско знаме

„КОНТРАПРОДУКТИВНО И ЗА РАБОТНИЦИТЕ И ЗА ФИРМИТЕ“: Јовановиќ за границата за пензионирање - „ќе се намали продуктивноста“

„КОНТРАПРОДУКТИВНО И ЗА РАБОТНИЦИТЕ И ЗА ФИРМИТЕ“: Јовановиќ за границата за пензионирање - „ќе се намали продуктивноста“

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ПОДНЕСЕ ЧЕТИРИ ИНТЕРПЕЛАЦИИ: Незадоволни се од работата на Тошковски, Стоилковиќ, Меџити и Исени

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ПОДНЕСЕ ЧЕТИРИ ИНТЕРПЕЛАЦИИ: Незадоволни се од работата на Тошковски, Стоилковиќ, Меџити и Исени

ТРАГЕДИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА - младо момче од Куманово почина по пад од зграда при изведување градежни работи

ТРАГЕДИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА - младо момче од Куманово почина по пад од зграда при изведување градежни работи

БОЈКОТ ВО „11 ОКТОМВРИ“: Родителите не ги пуштија децата на настава поради префрлање на насилно дете од друго школо

БОЈКОТ ВО „11 ОКТОМВРИ“: Родителите не ги пуштија децата на настава поради префрлање на насилно дете од друго школо

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОЕФИКАСНО ГОНЕЊЕ КОРПУЦИЈА - еве какви насоки дал државниот обвинител по критиките

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОЕФИКАСНО ГОНЕЊЕ КОРПУЦИЈА - еве какви насоки дал државниот обвинител по критиките

ОЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме

ОЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме