Инспекторатот ја запре изградбата на трите хидроцентрали на Маркова река, „Индиго Хидро Македонија“ минирал каде стигне
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2021
Државниот инспекторат за животна средина ја сопре изградбата на трите хидроцентрали на Индиго Хидро Македонија на Маркова река крај Скопје со решение по извршениот инспекциски надзор во текот на вчерашниот ден.
За евентуална санкција на управитело ќе следува понатамошна постапка, додека во извештајот од инспекторатот се наведува дека инвеститорот минирал недозволено на неколку места, а при тоа не овозможил проток за рибите во реката.
„Низводно од зафатот кој треба да се заврши се поставени цевките и затрупани врз кои поминува пристапниот пат до зафатната градба. За таа цел е извршено минирање на карпест масив непосредно до речното корито со што на поедини места целосно е затрупано речното корито со одрони од карпа и дрвна маса при што оневозможено е нормално функционирање на флора и фауна на овие делови од речното корито.
При минирањето не е водено сметка за санација на карпестата средина при што се овозможува процес на дополнително еродирање и појава на свлечиште на околната средина.
Машинската зграда на КП бр.59 КО Елово исто така е во фаза на градба и се наоѓа непосредно до зафатот на МХЕ144. За дозвола бр.11-УП1 бр.238 од 15.05.2015год за користење на вода за производство на електрична енергија и употреба на МХЕ бр.144 на Маркова река во непосредна близина на село Елово на
зафатната градба која е на 651мнв не се довршени градежните активности на зафатната градба која е трасирана непосредно до речното корито. За извршување на овие активности е извршено минирање на карпестата маса надвор од трасата на цевководот со што е нанесено нестручно распукување во карпестиот масив.
Машинската зграда која е на КП 342 КО Цветово исто така не е довршена со градежните активности. Таа се наоѓа непосредно до зафатот на МХЕ 145.
За дозвола бр.11-УП1 бр.235 од 15.05.2015год за користење на вода за производство на електрична енергија и употреба на МХЕ бр.145 на Маркова река во непосредна близина на село Малчиште и Маркова Сушица на зафатната градба која е на 550,54мнв не се довршени градежните активности на зафатната градба ниту пак е довршена рибјата патека. Изведбените работи се нестручно изведени, насекаде има остатоци од камен и нема уредување на реката узводно и низводно од зафатите и испустите од машинските згради.
Машинската зграда која е на КП 885/1 КП 908 КО Маркова Сушица исто така не е довршена со градежните активности со неуредено речно корито узводно од машинска зграда и низводно од испустот на машинската зграда на МХЕ 145.
Со Записник за констатација за утврдување на фактичка состојба утврдени се неправилности во работењето на субјектот на надзор, за што се преземени следните мерки:
Се забранува понатамошна изведба на градежни активности на изведба на МХЕ143, МХЕ 144,МХЕ 145 се додека не се очисти речното корито од заполнет нанос од одрон од минирање и дрвна маса која е оштетена при минирањето, не смее да се продолжи со градежни активности на МХЕ143, МХЕ 144, МХЕ 145 се додека не се санира карпестиот масив од понатамошно распукување и еродирање со преземање на мерки за санација од страна на стручна лиценцирана фирма.
Воедно на управителот на правното лице се понуди Записник за започнување постапка за спогодување согласно член 248 и 245 став 1 точка 9 (остварува водно право спротивно на начинот и намената определени во дозволата или концесијата (член 25)) став 2 од Законот за води при што управителот се согласи да го
потпише со што понатаму постапката продолжува пред Комисија за спогодување во состав на надлежно министерство-МЖСПП“, се вели во известувањето по извршениот надзор.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.