22 Ноември, 2024
0.0313

ИНСТИТУТОТ ЗА ПАТОЛОГИЈА – ЕДЕН ЗА ЦЕЛАТА ЗЕМЈА: Додека пациентите чекаат, болеста напредува, кај некои станува и неизлечива

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

За многу пациенти кои поминале низ сложени операции, тешката битка не завршува на хируршката маса. Напротив, вистинската неизвесност започнува со чекањето на резултатите од хистопатолошките анализи, кои за многумина значат или смирувачки одговор дека се здрави или, пак, аларм за понатамошно лекување. Но, оваа неопходна дијагностичка потврда во Македонија е процес кој бара огромно трпение. Заради ограничените ресурси и само еден централизиран Институт за патологија во Скопје, времето на чекање за овие анализи, кои пристигнуваат буквално од целата земја, често трае три недели, па дури и повеќе од еден месец.

За пациентите со бенигни тумори ова чекање не влијае на здравствениот исход, но за оние кои очекуваат потврда за малигни промени, секој ден е клучен. Доцнењето на резултатите значи одложување на почетокот на потребната онколошка терапија, што директно влијае на шансите за успешно лекување. Проблемот е што поради преоптовареноста на Институтот, сите примероци од земјата мораат да поминат низ истите лаборатории, создавајќи гужва и значително забавување на процесот.

Токму оваа централизирана поставеност на здравствениот систем остава многу пациенти во неизвесност, а за некои, овој долг период на чекање може да значи разлика меѓу успешен опоравок и прогресија на болеста.

„По неколку недели чекање, конечно ги добив резултатите. Среќен сум што испитувањата покажаа дека бемката е бенигнен, и не е потребен понатамошен онколошки третман. Но, целиот тој период на неизвесност беше многу стресен. Постојано мислев на можноста за лош исход и како тоа би влијаело врз мене и моето семејство. Мислам дека ова долго чекање не само што е непотребно, туку и дополнително нѐ изложува на стрес што не е воопшто корисен за нашето кревко здравје“, посочува Слободан Б. опериран на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

„На моја несреќа, чекањето на резултатите не заврши како што се надевав. По речиси еден месец чекање, ми беше потврдено дека туморот е малиген, и во тој период болеста напреднала повеќе од очекуваното. Чувствував дека времето ми е непријател, иако веќе бев оперирана. Мислев дека операцијата ќе значи крај на мојата битка, но доцнењето со резултатите само ја влоши ситуацијата и сега треба да започнам онколошки третман. За многу пациенти, како мене, секој ден е драгоцен и ни треба побрз пристап до дијагнозата, раскажува Васка Р, оперирана на Клиниката за хируршки болести во Скопје.

Последната изјава на Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување во која истакна дека гледа партнер во приватното здравство, предизвика различни реакции кај јавноста.

Дел од граѓаните ценат дека државата треба целосно да се фокусира на подобрување на јавното здравство, додека други пак ја поддржуваат идејата за продлабочена соработка со приватниот сектор како начин за подобрување на здравствените услуги. Во оваа насока некои од најблиските на пациентите со кои разговарав низ болничките ходници изразија загриженост за долгото чекање и неизвесноста што доаѓа со него, па споделија свои предлози за тоа како системот би можел да се подобри. Тие веруваат дека времето е клучно за нивните сакани, особено кога станува збор за брза дијагноза и почеток на третман.

„Целото семејство стрепеше чекајќи ги предолго резултатите на мајка ми. Верувам дека не сите пациенти имаат можност да се лекуваат во приватни болници каде резултатите се добиваат многу побрзо, но би било корисно да имаат барем опција. На пример, државните клиники би можеле да соработуваат со приватни лаборатории за хистопатолошки испитувања. Пациентите би можеле да изберат дали сакаат да платат одредена сума за брзи резултати во приватна лабораторија или ќе изберат да чекаат од државниот Институт за патологија. Сигурна сум дека голем дел од пациентите би сакале и би можеле да си го дозволат тоа, особено кога станува збор за нивното здравје, вели Кристина Р, ќерка на оперирана пациентка.

Во македонското здравство, долгото чекање за хистопатолошки резултати останува еден од најчувствителните проблеми со кои се соочуваат пациентите и нивните семејства. Неопходноста од итно добивање резултати за оние со малигни тумори е повеќе од приоритет, бидејќи од него зависат здравствениот исход и времето за реакција на медицинските тимови. Предлозите за поголема соработка помеѓу државните и приватните институции, како и можноста за избор на побрза обработка во приватни лаборатории, може да претставуваат дел од решението за побрз и поефикасен пристап до дијагнозата, која на многумина им значи почеток на животната борба за здравје.

Анита Буховски

фото: Вангел Тануровски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска