15 Декември, 2025
0.0270

Интел оствари приходи во вториот квартал од 13,8 милијарди долари

Објавено во: Мои пари 16 Јули, 2014 10:33

Добивај вести на Viber

Корпорацијата Интел објави приход во вториот квартал од 13,8 милијарди долари, тековен приход од 3,8 милијарди долари, нето приход од 2,8 милијарди долари и заработувачка по акција од 0,55 долари. Компанијата заработила приближно 5,5 милијарди долари готовина од работење, платила дивиденди од 1,1 милијарди долари и искористила 2,1 милијарди долари за повторно да купи 74 милиони акции на берзата. „Во вториот квартал резултатите ја покажаа силата на нашата стратегија за проширување на опсегот на технологијата на Интел, од центри за податоци и компјутери до „Интернетот на нештата“ (IoT),“ изјави извршниот директор на Интел Брајан Крзанич. „Со нашата Baytrail SoC фамилија се проширивме во нови сегменти како системи базирани на Chrome и сме на добар пат да ја оствариме нашата цел од 40 милиони таблети. Дополнително, остваривме важен напредок за нашиот иден 14nm Broadwell производ и ги очекуваме првите системи на рафтовите за време на празниците.“ Интел објави дека има намера да врати повеќе пари на акционерите со тоа што ќе го намали паричниот баланс преку откупување на акции. Бордот на директори одобри програма за откупување на акции вредна 20 милијарди долари и компанијата предвидува откупување на акции за приближно 4 милијарди долари во третиот квартал. Во последната деценија Интел врати околу 90 милијарди долари на акционерите преку дивиденди и откупување на акции. “Оваа промена во нашата структура за капитал е продолжение на повеќе годишниот фокус на создавање на вредност и враќање пари на нашите акционери и дополнително ја зајакнува нашата доверба во бизнисот,“ изјави Стејси Џ. Смит, постар потпретседател и главен финансиски директор на Интел.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“