19 Декември, 2025
0.0472

Интел се фокусира на кинескиот пазар

Објавено во: Мои пари 02 Април, 2014 11:19

Добивај вести на Viber

Во време кога компјутерската индустрија подлежи на брза трансформација, извршниот директор на Интел корпорацијата Брајан Крзанич ги посочи плановите на компанијата за продолжување на речиси 30-годишната историја во Кина, како и соработките со растечкиот технолошки екосистем, особено во Шензен, за да се забрзаат новите иновации и да се преструктуира компјутерската индустрија. Крзанич го објави воспоставувањето на Intel Smart Device Innovation Center во Шензен и најави дополнителни 100 милиони долари преку Intel Capital China Smart Device Innovation Fund. Извршниот директор на Интел објасни неколку нови производи и технологии што компанијата ќе почне да ги нуди оваа година, вклучувајќи го Intel® Edison, спремна, повеќенаменска компјутерска платформа првпат замислена токму во истражувачките лаборатории во Кина. Тој исто така ја објави достапноста на Intel® Gateway Solutions за интернет на нештата (IoT) базиран на Intel Quark™ и Atom™ процесори, додатно демонстрирајќи ја SoFIA, Интел-овата прва интегрирана мобилна SoC платформа за достапни и поскапи паметни телефони и таблети. „Кинескиот технолошки екосистем ќе биде од најголемо значење за трансформацијата на компјутингот,“ изјави Крзанич. „За да се придвижи глобалната иновација, Интел ќе остане фокусиран на обезбедување на водечки продукти и технологии кои не само што ќе им дозволат на партнерите да воведуваат новини и иновации, ќе го донесат ветувањето дека ’ако се работи за компјутери, најдобро е со Интел’ – од обични направи до клауд, и сé што е помеѓу“. Тој најави 100 милиони долари вреден Intel Capital China Smart Device иновациски фонд фокусиран на помагање за забрзувањето на иновациите за паметни уреди, вклучувајќи 2 во 1 уреди, таблети, паметни телефони, wearables, IoT и други слични технологии во Кина. Новата инвестиција ја поддржува посветеноста на Intel Capital на кинеската ИТ индустрија и развој на екосистемот. Од 1998, Intel Capital има инвестирано повеќе од 670 милиони долари во 110 компании во Кина низ два веќе утврдени инвестициски фондови. Крзанич беше придружуван на првиот ден на овогодинешниот развивачки форум од Иан Јанг, претседател на Интел Кина, и Дајана Брајант постар заменик претседател на Intel Data Center Group, чие обраќање ги посочи технологиите на Интел за центри за податоци и темелите на модерниот компјутинг и растечките бизнис можности претставени со растот на паметните, поврзани уреди. Интел е на пат да испорача 40 милиони таблети оваа година и раководството претстави низа иновативни дизајни развиени во Кина од произведувачи и дизајнери.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција