22 Јануари, 2025
0.0251

Интел влегува во стратешко партнерство со Рокчип

Објавено во: Мои пари 28 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Интел корпорацијата денеска објави дека влегува во стратешки договор со Рокчип за да го прошири портфолиото и да го забрза процесот на донесување на Интел архитектура и комуникациски решенија на пазарот за влезни Андроид таблети ширум светот. Во условите на договорот, стои дека двете компании ќе испорачуваат Интел брендирана мобилна SoC платформа. Квад-кор платформата ќе биде базирана на Интел Атом процесорс, која е доопременa со Интеловата модерна 3Г технологија. Проширувајќи ја понудата на Интел SoFIA фамилијата на интегрирани мобилни SoC платфоми за почетни и мобилни уреди, новиот квад-кор SoFIA 3Г се очекува да биде достапен во првата половина на 2015. Ќе биде насочен кон почетни и повредни таблети. Интел SoFIA фамилијата беше додадена во мрежата на мобилни производи на Интел минатата година и го вклучува првиот интегриран апликациски процесор и комункациска платформа. Како што пазарот за таблети продолжува да се шири со сè поголемиот избор на големина на екран, различни форми и цени, стратешкото партнерство со Рокчип, ќе му овозможи на Интел побрзо да им понуди на своите потрошувачи пошироко портфолио на производи. „Стратешкото партнерство со Рокчип е пример за решеноста на Интел да преземе прагматични и поинакви приоди за да го зголеми своето присуство на глобалниот пазар за мобилни уреди со побрза испорака на широко портфолио на Интел архитектура, комуникациски решенија и технологии“, изјави Брајан Крзанич, извршен директор на Интел. „Возбудени сме за соработката со Рокчип. Со денешната објава, додаваме уште еден дериватив на Интеловата SoFIA фамилија и очекуваме да ги имаме сите на пазарот пред средината на 2015 година. Се движиме брзо за да ги прошириме понудите на Интел за растечкиот пазар на таблети“. Стратешкото партнерство со Интел ќе ја прошири понудата на производи на Рокчип со додавање на перформанси и флексибилност на Интел архитектура и водечки комуникациски решенија. „Ние секогаш бараме иновативни начини за да го диференцираме нашето портфолио на продукти и ова е прва соработка од овој вид во која Интел ни помага да го сториме тоа“, изјави Мин Ли, директорот на Рокчип. „Комбинацијата од водечката архитектура на Интел и модерната технологија со нашите водечки капацитети за дизајн на мобилни уреди, нуди подобар избор на растечкиот глобален пазар за мобилни уреди“. Со денешната објава, Интеловата SoFIA фамилија сега се состои од три различни понуди, вклучувајќи го дуал-кор 3Г верзија за која се очекува да почне со испорака во четвртиот квартал оваа година, квад-кор 3Г верзија за која се очекува да почне со испорака во првата половинаод 2015 и LTE верзија, закажана за првата половина од следната година. Цената на четиријадрениот SoFIA 3G дел ќе биде објавена подоцна, а за другиот дел од пошироката Intel SoFIA фамилија, се очекува конкурентна цена. Со договорот, Интел и Рокчип ќе го продаваат новиот дел на производи, првенствено во постоечката база на потрошувачи на двете компании.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас