„International Banker“: Стопанска Банка-Битола најдобра комерцијална банка во 2015 година
Објавено во: Финансии 03 Декември, 2015 09:36
Престижниот меѓународен магазин „International Banker“ ја избра Стопанска Банка а.д Битола за најдобра комерцијална банка за 2015 година и банка со најдобро банкарско иновативно работење со физички лица за 2015 година во Република Македонија.
„International Banker“ е еден од водечките светски извори на авторитативна анализа на меѓународниот финансиски и банкарски сектор. Истиот успешно ја реализира својата цел да биде главен извор на информации за клучните фактори на одлучување во финансиското работење. Станува збор за меѓународно признаена публикација, чиј углед се базира на објективност, влијание, интегритет и точност во информирањето.
Стопанска Банка а.д Битола е оценета како еден од лидерите во банкарскиот сектор на Република Македонија, со значителен пораст на бројот на клиенти и зголемена рамка на кредитни и платежни активности. Забележан е порастот на мрежата на експозитури на Банката, за цели 26.67%, и континуирано зголемување на бројот на вработени.
Помеѓу критериумите за доделување на овие награди на Стопанска Банка а.д Битола, се вбројува успехот на банката во делот на работа со физичките лица. Вкупната вредност на кредити за население, се зголемила за 50% во текот на 2014 година. Голем удел во овој импресивен пораст, има континуираната понуда на банката на нови производи и услуги, кои се прилагодени на потребите на клиентите.
Годината е оценета, како исклучително успешна и за корпоративниот сектор на Банката.
Забележен е пораст на корпоративното портфолио за 10.26%, и пораст на депозитите за цели 39,18 проценти.
За потсетување, оваа година, Стопанска Банка а.д. Битола, беше наградена и од светски познатиот финансиски магазин „Global Banking & Finance“. Беше доделена престижната награда за најдобра банка за работа со физички лица во Република Македонија за 2015 година. Истовремено, тимот на „Global Banking & Finance“ го избра извршниот директор на Стопанска банка а.д. Битола за најдобар главен извршен директор во банкарскиот сектор за 2015 година во Република Македонија. Наградата ја доби како резултат на анализата на поднесените номинации, при што прецизно се мери успехот на менаџерот преку постигнатите резултати на банката во банкарскиот сектор.
Со добивањето на престижните награди за 2015 година, од страна на магазините „International Banker“ и „Global Banking & Finance“, успешната приказна на Стопанска Банка а.д. Битола добива меѓународна верификација. Признанијата пристигнуваат и дома, во Република Македонија.
Стопанска Банка а.д Битола континуирано добива нови клиенти кои ја препознаваат како стабилна финансиска институција.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





