Улогата на малите бизниси во македонската економија, предизвиците со кои тие се соочуваат, како и за бесплатните банкарски производи кои денес им се нудат на малите компании.
Интервју Димитар Марковски, директор на служба за микро-кредитирање во Шпаркасе Банка: Малите бизниси се столбот на секоја економија
Објавено во: Економија 17 Септември, 2024
Малите бизниси играат клучна улога во економијата, тие ги поттикнуваат иновациите, создаваат нови работни места и позитивно влијаат на развојот на локалните заедници. Често носат уникатни производи и услуги на пазарот и на тој начин влијаат на економската разновидност и одржливост.
Поддршката на малите бизниси е тема која често е предмет на дискусија во насока на размислување кои се начините на кои тие може да бидат поддржани, со цел да им се олесни почетокот кога се најкревки и се соочуваат со недостиг на финансиски средства и ограничено искуство во економското окружување.
Банките, како двигатели на економијата и први партнери на бизнисите се оние кои ја имаат првата интеракција со бизнисите и од нив се очекува да подадат рака и да понудат банкарски производи и услуги кои освен ценовна прифатливост ќе понудат и советодавни услуги кои имаат суштинска улога во почетоците на сите мали бизниси.
Во таа насока, разговараме со Димитар Марковски, Директор на служба за микро-кредитирање во Шпаркасе Банка АД Скопје, за важноста на малите бизниси во македонската економија, за предизвиците со кои тие се соочуваат, како и за бесплатните банкарски производи кои денес им се нудат на малите компании.
Димитар, како банкарски експерт за развој на мали бизниси, кажете ни според Вас, зошто малите бизниси се суштински важни за една економија?
Димитар Марковски: Малите бизниси се столбот на секоја економија од неколку причини. Без разлика што ги нарекуваме мали, тие се значајни создавачи на голем број работни места и навистина претставуваат значаен дел од можностите за вработување, често обезбедувајќи работни места на локално ниво што има директно влијание на локалните заедници и нивната самостојност.
Би додал дека малите бизниси се неретко и двигатели на иновации, имаат тенденција да промовираат уникатност и разновидност на производи за кои можеби големите корпорации немаат амбиција да ги нудат, а на тој начин промовираат и креативност која може да ги доведе до револуционерни достигнувања и нови индустрии.
Најчесто се исправени пред големи предизвици на самите почетоци, немајќи доволно искуство во економското окружување, финансиски не се силни и потребен им е ветер во грб уште на самиот старт.
Зборувате за нивната важност, но и нивната кревкост. Што е она што може да им даде ветер во грб?
Димитар Марковски: Поддршката на малите бизниси вклучува повеќестран пристап. Мерките на политиката, даночните стимулации, грантовите и пристапот до прифатливи финансии се нештата кои се навистина важни. Би ја додал тука и едукацијата на младите претприемачи која е неопходна особено во почетоците.
Но, како банкар кој е директно ангажиран и работи со овој сегмент со сигурност можам да кажам дека поддршката од страна на банките има исто така многу важна улога во почетоците на развојот и растот на малите бизниси. Со поддршка на малите бизниси, ние банките, инвестираме во претприемништвото, промовираме конкуренција и обезбедуваме подинамичен и поприлагодлив економски пејзаж. Нивниот успех не е само поттик за локалните економии, туку клучен фактор за националното економско здравје и раст.
Од овие причини ние во Шпаркасе Банка создадовме бесплатен пакет за мали бизниси кој ја има токму таа цел, да им даде ветер во грб во нивните почетоци и да им подаде рака кога се најкревки и финансиски најслаби.
Шпаркасе Банка го најави бесплатниот пакет за нови мали бизниси„BenefitPro“.Што треба да им донесе овој пакет на малите бизниси?
Димитар Марковски: Пакетот #BenefitProбуквално треба да донесе ветер во грб за малите стартап бизниси и да им биде сојузник во финансиските предизвици со кои ќе се соочат во тековното работење. Шпаркасе Банка како доверлив и стабилен партнер, го дизајнираше овој пакет, кој е единствен на пазарот, знаеќи колку еден нов почеток е тежок и дека нашите клинети заслужуваат поддршка од самиот свој старт.
Очекувам „BenefitPro“ да привлече многу нови мали бизниси кои бараат сигурна и флексибилна финансиска поддршка. Овој пакет ќе им овозможи поголема достапност на ресурси, што ќе доведе до поголем успех и стабилност, како и поттикнување на економскиот раст и иновации, особено во малите и средни претпријатија.
Шпаркасе Банка АД Скопје е прва и единствена банка што нуди бесплатен пакет за старт на мали бизниси – BenefitPro. Може ли да ни кажете нешто повеќе за каков концепт станува збор и што е тоа што посебно го нудите, односно што добиваат клиентите?
Димитар Марковски:Со пакетот „BenefitPro“, Шпаркасе Банка воведува иновативен концепт на поддршка за новите бизниси, што е клучен чекор за развојот на малите претпријатија. Нашите клиенти добиваат низа бесплатни услуги и услуги кои им се потребни во редовното работење, а во првата година од работењето се ослободени од банкарски провизии. Па така би потенцирал дека овој пакет на малите бизниси им овозможува:
- отворање на денарска трансакциска сметка за правни лица без надоместок со Visa- бизнис дебитна картичка,
- пакет кој е без трошоци за одржување во првите 12 месеци,
- бесплатно користење на електронско банкарство,
- одржување девизна сметка без провизија и
50% попуст на интерни и екстерни e-banking налози за домашниот платен промет.
Овој пакет во суштина го поставува новиот стандард во поддршката на малите бизниси, нудејќи им солидна основа за успешен старт и развој.
Дали има перспектива за младите претприемачи и стартапи? Какви се нивните идеи со кои се обраќаат до вашата банка? Од која област се најчестите бизнис идеи?
Димитар Марковски: Младите претприемачи и стартапи имаат значајна перспектива и можат да сметаат на поддршка од финансиските институции како што е Шпаркасе Банка. Во ерата на достапност на информации, младите претприемачи можат да ја искористат поддршката од банките и други финансиски институции, не само во форма на финансиски услуги, туку и во форма на консултации, обуки и мрежи за поддршка. Нашата банка е фокусирана на поддршка на технолошки напредни и иновативни идеи, што им овозможува на младите претприемачи да се развиваат во динамичната дигитална економија.
Најчестите бизнис идеи на младите претприемачи со кои се обраќаат до нашата банка вклучуваат зелени технологии и одржливост, проекти за енергетска ефикасност и еколошки решенија, e-трговија и онлајн продавници, креативни индустрии како што се уметност и дизајн, технологија и софтвер.
Што би им препорачале на новите претприемачи кои размислуваат да започнат бизнис, а се соочуваат со финансиски предизвици?
Димитар Марковски: Започнувањето бизнис со ограничени финансиски ресурси може да биде предизвик, но со внимателно планирање и стратегиски пристап, може да се максимизира потенцијалот за успех. Клучна улога има добро разработен бизнис план, почеток со минимален влог и постепен раст, флексибилност и подготвеност за промени, мудро управување со трошоците и ризиците.
Поддршката од банки како Шпаркасе Банка може да биде од голема помош за успешно стартување и развој на секој нов бизнис.
Би препорачал никоја да не се откажува од својата визија и цел, без оглед на предизвиците. Ако лифтот до успехот не работи, секогаш има скали!