Интервју Дирк Влиербум: Наградата „Најдобар бизнис хотел за 2016 година“ за Скопје Мериот хотел е резултат на посветеноста на нашиот тим
Објавено во: Мои пари 09 Ноември, 2016 09:12
Фактор: Нема поминато ни една година откако Скопје Мериот хотел ги отвори вратите за домашните и странските гости, а веќе сте добитник на наградата за најдобар бизнис хотел, Златна монета. На што се должи овој брз и импресивен успех?
Фактор: Кога станува збор за хотелската дејност, многу е специфично затоа што услугите се наменети за странските гости, но подеднакво комуницирате и со домашните клиенти. Што нудите посебно и со што се издвојува Скопје Мериот Хотел?
Дирк Влиербум: Скопје Мериот за своите гости нуди ексклузивност и искуство коешто го очекува денешниот турист. Пристапноста на една од најимпресивните локации во градот е само почеток на исклучителноста на Скопје Мериот. Ентериерот на хотелот е дело на дизајнерски и стилски решенија, со уникатни детали што го прави погоден за организирање на различни типови настани. Скопје Мериот на располагање на своите клиенти и гости им ја нуди и платформата Meetings Imagined, која што претставува најсеопфатна алатка за беспрекорно организирање настани, од концепти, предлози, решенија, идеи, до најситните детали како и прилагодување на концептите и настаните на последните измени, без можност да се случат пропусти. Дистрикт, барот и ресторан е посебна приказна, затоа што покрај вкусните специјалитети создадени од нашиот Шеф на кујна со богато меѓународно искуство, самиот престој нуди ново, несекојдневно доживување. Концептот на отворена кујна каде што може да се следи приготвувањето на омилениот специјалитет е интересен и уникатен момент, што се повеќе ги привлекува гостите. Додека пак, спа и фитнес центарот во Скопје Мериот е различен во секој поглед, од услуга, капацитет, можности и примена на препарати. Но, сепак, крајниот заклучок би бил дека не само една услуга е важна и го создава позитивниот впечаток, туку Скопје Мериот нуди компилација од беспрекорни услуги во секој поглед, а нашите гости и клиенти го забележуваат и ценат тоа.

Дирк Влиербум: Од самиот почекот со работа во Скопје, интензивно и динамично создаваме нови, уникатни содржини и начини за забава на граѓаните. Го понудивме точно она што недостигаше и им овозможивме на нашите гости, пријатно и несекојдневно искуство. Креираме содржини и настани што се привлечни и интересни, и користиме најразлични начини да воспоставиме директен контакт со граѓаните и да комуницираме со нив, а резултатите се одлични.
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




